Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во работна посета на Охрид и Битола

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, утре, 11 мај, ќе престојува во работна посета во Охрид и Битола.

Во Охрид, премиерот Заев ќе се обрати на Форумот на преносни систем оператори на електрична енергија на Југоисточна Европа чиј домаќин е акционерското друштво во државна сопственост МЕПСО.

На овој Форум, кој ќе се одржи во хотел Инекс во Охрид со почеток во 10:30 часот, на кој ќе присуствуваат и претставници на ЕНТСО-Е, односно, Европската мрежа на оператори на преносните системи и кој има за цел креирање на единствен пазар на електрична енергија и негово вклучување во пан-европскиот пазар на електрична енергија, ќе присуствува и д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата на РМ, задолжен за економските ресори.

По обраќањето на свеченото отворање на форумот, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Заменик претседател на Владата на РМ, задолжен за економските ресори д-р Кочо Анѓушев ќе имаат изјави за медиумите во 11:30 часот.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Заменик претседател на Владата на РМ, задолжен за економските ресори д-р Кочо Анѓушев, потоа ќе заминат за Битола каде што во 13:30 часот ќе следува заедничка изјава за медиуми на премиерот, Зоран Заев, на вицепремиерот Анѓушев и на градоначалничката Наташа Петровска, во врска со работниот состанок со претставниците на бизнис сектор од битолскиот крај кој ќе се одржи во општинската сала на Советот на град Битола.

На овој работен состанок премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе ги презентираат мерки за поддршка на мали и средни претпријатија од третиот столб, како и новата мерка за поддршка на пораст на платите до 18.000 денари во трудинтензивни дејности.

Средбата со бизнисмените ќе се одржи од 13:45 до 15 часот, со што ќе заврши работната посета на Охрид и Битола на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Заменик претседател на Владата на РМ, задолжен за економските ресори д-р Кочо Анѓушев.

Медиумите ќе имаат можност да направат фото и видео инсерти од почетокот на работниот состанок.

Календар Влада: 
Петок, Мај 11, 2018 - 10:30 to Сабота, Мај 12, 2018 - 14:45