Присуство на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на настан за отпочнување на градежни работи на експресен пат Градско - Прилеп, делница Градско - Дреново

Понеделник, 14 мај 2018 година,  премиерот на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе присуствуваат на настан по повод отпочнување на градежните работи за изградба на експресен пат Градско - Прилеп, делница Градско - Дреново.

 

Почетокот на настанот е предвиден во 12:00 часот, на локацијата во Базниот камп на Изведувачот што се наоѓа на патниот правец Росоман - Кавадaрци.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери со цел проследување на настанот и информациите до пошироката јавност.

Календар Влада: 
Monday, May 14, 2018 - 12:00 to Tuesday, May 15, 2018 - 12:45