68-ма седница на Владата на Република Македонија

На предлог на Министерството за здравство министрите на денешната седница ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери во Република Македонија за 2018 година. 

Пред министрите на денешната седница на Владата ќе се најде конечниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Јавна здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Македонија - Скопје.

На дневен ред на 68-мата седница е и Извештајот за реализација на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година. 

Министрите ќе разгледуваат и три извештаи предложени од Собранието на Република Македонија, односно годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита од дискриминација за 2017 година, годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за примени пријави од укажувачи за 2016 година, како и годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2017 година. 

Почетокот на 68-мата седница на Владата на Република Македонија е предвиден за во 12:00 часот. 

Календар Влада: 
Вторник, Мај 15, 2018 - 12:00 to 15:00