ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата

Институција која огласува: 
Фонд за иновации и технолошки развој
Рок на пријавување: 
11/06/2018

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

(во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија)

 

Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 годинаобјавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку следниве инструменти за поддршка:

Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“)

Кофинансирани грантови за микро претпријатија

Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста

Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.                 

Апликантот што ќе аплицира за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“) има право паралелно да аплицира и за добивање на комбинирана финансиска поддршка, односно да аплицира и за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица. Во таков случај, комбинираната финансиска поддршка што ќе ја даде Фондот на ист апликант за ист проект не може да го надмине највисокото ограничување што е применливо кај овие два инструменти.

Обрасците потребни за аплицирање се испраќаат автоматски преку e-mail по успешна регистрација.

Детални информации можете да прочитате на следниот линк: http://www.fitr.mk/stolb3/#toggle-id-4

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.06.2018 година, до 23:59 часот.

За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти кои се пополнети во обрасците определени за јавниот повик од страна на Фондот,  доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.