Започна средбата на премиерот Заев со премиерот на Р. Грција, Ципрас

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и премиерот на Република Грција Алексис Ципрас одржаа заедничка средба за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што се одржува во Софија, Република Бугарија.

Двајцата премиери разговараа за актуелниот момент во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, и за можностите да ги доближат разликите за решение прифатливо за двете страни.