Вицепремиерката Шекеринска ќе предводи делегација на свеченото одбележување на националниот ден на Власите

Утре, недела (20 мај), во 12:00 часот во хотелот Александар Палас во Скопје, владина делегација предводена од заменик претседателката и министерка за одбрана на Владата на Република Македонија, Радмила Шекеринска, во придружба на заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и заменик министерот за економија Кире Наумов, ќе присуствува на свеченото одбележување на националниот ден на Власите. 

На свеченоста, покрај културно уметничката програма, свое обраќање ќе има и министерката Шекеринска. 

Календар Влада: 
E diel, Maj 20, 2018 - 12:00 to 14:30