Известување за неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија (23 мај, Национален ден на Власите)

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2018 година, среда, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите.