Премиерот Заев ќе учествува на завршната конференција на Фондацијата Отворено Општество - Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска, на 21 мај 2018 година, ќе учествува на Завршната конференција „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?”.

Конференцијата по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество – Македонија, на која ќе се обрати премиерот Заев, ќе се одржи во Музеј на современа уметност во Скопје со почеток во 11:00.

Календар Влада: 
Понеделник, Мај 21, 2018 - 11:00 to 12:30