Премиерот Заев на 40 годишниот јубилеј на ФФОСЗ: Факултетот за физичко образование и спорт е клучен партнер во системската поддршка за развој на спортот во Македонија

Со поздравен говор за јубијелот, 40 години Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), премиерот Заев вечерва, на деканката на ФФОСЗ, Ленче Алексовска – Величковска, на продеканите, професорите и студентите, им го честиташe 40 годишнит јубилеј.

Во своето обраќање пред присутните премиерот Заев рече дека преку 4 децениското работење, и покрај сите општествени премрежија Факулттот и професионалците кои работат во него, го одржале квалитетот на македонскиот спорт на константно квалитетно ниво.

„Успеси што се должат токму на стручната работа во повеќе спортски дисциплини и тоа од кадри кои студирале на Факултетот и нивните постигнати успеси на домашен и меѓународен план, покажува дека овој факултет, од своето основање е алката која и поврзува науката и спортот во Република Македонија“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Тој, исто така ја истакна и социјалната димензија на спортот, кој, како што рече премиерот Заев, игра многу важна улога во поттикнување на социјалната интерактивност, проактивноста, во градење толерантни и отворени заедници, кои во големата слика прават едно заедничко општество.

„Системската поддршка на спортот и Факултетот како највисока образовна институција за спорт и физичко образование, од страна на државата исто така е клучна и за остварувањето на високи спортски резултати, за обезбедување достоинствени услови за живот и работа на спортистите и спортските работници“, рече премиерот.

Исто така, тој ја истакна заложбата на Владата на Република Македонија, со новите владини мерки да го поттикне школскиот спорт, и дополнително со законот за спорт, Македонија да работи на промовирање на спортските таленти уште од раната училишна возраст.

„Училиштата ни се од исклучителна важност во намерата да инвестираме, со сите расположливи ресурси и капацитети во развојот на спортската инфраструктура и условите за спортувањето како начин на живот, во Република Македонија. Тоа не би било можно без да знаеме дека на располагање ги имаме капацитетите и поддршката од оваа наша високообразовна институција, и професионалците кои ја водат“, истакна премиерот Заев.