71-ва седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 71 седница. На својата редовна 71 седница, Владата на Република Македонија ќе разгледа повеќе информации и одлуки од доменот на работата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како што е точката Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со Предлог-Одлука за давање согласност на статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На предлог на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Владата ќе одлучува по предлог-договорот за доделување на државна помош на Друштво за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, и за предлог-одлуката за давање согласност на договорот за доделување на државна помош на оваа компанија.

На денешната седница ќе бидат разгледани и донесени соодветни одлуки и за нацрт-одлуките за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, како и нацрт-договорите за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија, и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз - извоз Скопје, и со Друштвото за производство, трговија и услуги Зенит интернационал продуктс ДООЕЛ Скопје како закупци на земјиште.

Министрите во Владата на РМ, на оваа седница ќе се произнесат и по нацрт-одлуката за изменување на одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, за нацрт-Анекс Договорот бр.1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште склучен помеѓу Република Македонија - Влада на РМ како основач на ТИРЗ Скoпје 1 со Друштвото за производство на лекови САГЕН ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште, како и за нацрт-одлука за давање на согласност на Анекс Договорот бр.1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште склучен со оваа компанија.

На денешната седница ќе биде разгледана и предлог-одлуката за давање на согласност на договорот за закуп во ТИРЗ Тетово и Предлог-Одлука за давање на согласност за вршење на дејност во ТИРЗ Тетово, помеѓу Друштвото за инвестиции НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП АД Тетово и ГЛАС ФЛЕКС ДООЕЛ Скопје.

Владата на РМ ма денешната седница ќе се произнесе и за предлог-одлуката за прогласување на Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, на предлог на Управа за заштита на културното наследство.

На предлог на Министерство за економија, Владата на денешната седница ќе ја разгледа и информацијата за активностите за изработка на среднорочна Стратегија за општествена одговорност на Република Македонија, како и предлог-решението за назначување на Претседавач и членови на Национално координативно тело за имплементација на конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија.

Редовната, 71 седница на Владата на Република Македонија, со останатите точки на дневен ред од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на владата, е предвидено да започне во 12:00 часот.

 

Календар Влада: 
Вторник, Јуни 5, 2018 - 12:00 to 15:00