Започнува спроведувањето на серијата „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“

На 08.06.2018 година (петок) ќе се одржи првиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации: „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации - како да се подобриме?“

На првиот Отворен ден насловен „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации - како да се подобриме?“ ќе се дискутираат постоечките добри практики и механизми за соработка меѓу Владата и граѓанските организации, а во дискусијата ќе учествуваат Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателката на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Фани Каранфилова - Пановска.

Агенда на настанот. 

Календар Влада: 
Петок, Јуни 8, 2018 - 12:00 to 13:30