Обраќање на премиерот Заев на Бизнис форумот - Инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев утре ќе присуствува и ќе има свое поздравно обраќање на Бизнис Форумот – Инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија во организација на Амбасадата на Република Италија и на Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство. Настанот ќе се одржи во хотел Мериот со почеток во 09:30 часот.

Календар Влада: 
Вторник, Јуни 12, 2018 - 09:30 to 11:00