Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации „Борба против корупција“

Петок, 6 јули 2018 година, со почеток во 12:00 часот, во Свечена сала - Влада на Република Македонија ќе се случи вториот од серијата „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“.

На вториот Отворен ден насловен „Борба против корупција“ ќе се дискутираат иницијативи поднесени од страна на граѓанските организации, а на темата ќе говорат заменикот на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи; Оливер Спасовски, заменикот министер за правда, Оливер Ристовски; Министерот за здравство, Венко Филипче; Министерот за образование и наука, Арбер Адеми; Министерот за култура, Асаф Адеми и Министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Календар Влада: 
Петок, Јули 6, 2018 - 12:00 to 14:00