Учество на заменикот Национален координатор за борба против тероризам на Вториот состанок на регионалната мрежа на Национални координатори за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам од земјите на Западниот Балкан

Заменикот Националнен координатор за борба против тероризам, Златко Апостолоски, беше претставник на Република Македонија на Вториот состанок на регионалната мрежа на Национални координатори за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам од земјите на Западниот Балкан во организација на Европската Унија кој се одржа во Будва, Црна Гора во периодот 15-17.10.2018 година. Освен Националните координатори за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам од земјите на Западниот Балкан, присутни беа претставници од Европската Унија и експерти.

За време на регионалниот состанок секој претставник од земјите на Западниот Балкан ги информираше останатите за тековната имплементација на Националните стратешки документи. Презетирани беа активностите веќе реализирани, рековни и планирани активности. Заменикот Национален координатор ги претстави реализираните и планираните активности и мерки на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и министерствата и институциите кои се вклучени во неговата работа. Дополнително дискутираше за соработката со организациите од граѓанското општество, верските заедници и единиците од локалната самоуправа.

Покрај презентациите на претставниците од земјите од Западниот Балкан, презентации имаа и претставниците на Европската Унија и експерти во поглед на онлајн радикализација, работа во затворите во поглед на спречување на радикализација и насилен екстремизам и можности за зајакнување на регионалната соработка.

Договорено беше овие состаноци да се оддржуваат два пати годишно и на следните состаноци да се отпочне со планирање на заеднички активности во полиња од взаемен интерес за подобри резултати.