Владата и за утрешниот ракометен натпревар Македонија – Србија, обезбедува илјада билети и бесплатен железнички превоз

Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека е обезбеден бесплатен железнички превоз и билети за 1000 македонски граѓани кои што во текот на утрешниот ден ќе може да присуствуваат на ракометниот натпревар Македонија-Србија, што во рамки на Европското првенство во ракомет се одржува во Белград, Република Србија.

Заинтересираните лица денеска (вторник, 24 јануари 2012 година) ќе може да аплицираат на www.ovaemakedonija.mk од 17 до 19 часот, а изборот ќе се направи во 19.15 часот преку директен пренос на првата програма на Македонската телевизија.

Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на ГП Пелистер.

Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација.