Премиерот Заев по седницата на Економско-социјалниот Совет: Честит 1 Мај, Денот на трудот, ќе има ново покачување на минималната плата и работиме заедно на унапредување на работничките права!

По повод Први мај - Денот на трудот денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на Економско-социјалниот Совет на кој синдикатите и работодавачите ги испорачаа своите барања до економскиот тим од Владата. На седницата учество земаа премиерот Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Премиерот Зоран Заев, на седницата повика на чести состаноци меѓу синдикатите, работодавачите и институциите со цел да се создаде поголем продуктивност и конкурентност којашто значи многу за развој на македонската економија. По завршување на седницата премиерот Зоран Заев, министерката Мила Царовска, претседателот на ССМ, Дарко Димовски и претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров дадоа кратки изјави за медиумите.

„Сериозно размислуваме и за ново зголемување на минималната плата оваа година. Во тек се консултации со сите засегнати страни да го изнајдеме најсоодветниот модел. Денеска и тоа беше соодветна тема, веруваме дека мај и јуни ќе ги искористиме за од 1-ви јули да ја зголемиме минималната плата на 13.000 денари. Дијалогот продолжува и верувам дека ќе изнајдеме алатки и начини каде што сите чинители ќе бидат задоволни со ваквите чекори. Податоците велат дека како резултат на зголемување на минималната плата, просечната плата се зголемила за 6,6% во фебруари 2019 споредено со август 2017, пред покачувањето на минималната плата. Ако тоа го направиме во споредба со март месец за којшто ги очекуваме податоците веќе сме над 8% зголемување на просечната плата. Покачувањето на платите е процес и јас очекувам во иднина оваа спирала на пораст на платите уште повеќе да се интензивира. Пензиите од почетокот на 2017 до почетокот на 2019 пораснаа за 826 денари или 6% од 13.750 денари.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска којашто претседаваше со Советот истакна дека оваа социјалдемократска Влада се грижи за работничките права и дека поради тоа се изготвува целосно нов Закон за работни односи.

„Како Влада којашто сака да го слушне гласот на сите синдикати и организации и на којашто ѝ е важно секое мислење, направивме измени и овозможивме активно учество во Економско-социјалниот Совет на сите синдикати без разлика дали се членови или не. Исто така би сакала да потенцирам дека барањата коишто денеска ги адресираше ССМ во најголем дел ќе бидат опфатени во Законот за работни односи којшто ќе се носи во широка консултација“, рече министерката Царовска.

„Позитивното време кое е втемелено во нашето општество и времето коешто е надежно за сите навистина ја прават државата и владата да биде добар коректор и медијатор помеѓу работниците и работодавачите со победнички однос на сите страни во економско социјалниот дијалог. 

Владата на Република Северна Македонија како лево ориентирана влада досега и на дело покажа дека го застапува интересот на работниците. Првата работа што ја реализиравме беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари за сите работници. Ја исправивме долгогодишната неправда кон работниците од кожарската и текстилна индустрија, денеска и тие земаат минимална плата на исто ниво како и сите останати. Околу 90.000 работници денеска земаат повисока плата, а за таа цел се исплатени и над 77 милиони денари државна поддршка на фирмите за исплата на повисока плата. Сериозно размислуваме и за ново зголемување на минималната плата оваа година. Во тек се консултации со сите засегнати страни да го изнајдеме најсоодветниот модел. Денеска и тоа беше соодветна тема, веруваме дека мај и јуни ќе ги искористиме за од 1-ви јули да ја зголемиме минималната плата на 13.000 денари. Дијалогот продолжува и верувам дека ќе изнајдеме алатки и начини кадешто сите чинители ќе бидат задоволни со ваквите чекори.

Податоците велат дека како резултат на зголемување на минималната плата, просечната плата се зголемила за 6,6% во февруари 2019 споредено со август 2017, пред покачувањето на минималната плата. Ако тоа го направиме во споредба со март месец за којшто ги очекуваме податоците веќе сме над 8% зголемување на просечната плата. 

Покачувањето на платите е процес и јас очекувам во иднина оваа спирала на пораст на платите уште повеќе да се интензивира.

За тоа ќе придонесе и зголемелниот број на домашни и странски директни инвестиции како, отворањето на нови работни места и зголемената побарувачка на квафилификувана работна сила. 

Пензиите од почетокот на 2017 до почетокот на 2019 пораснаа за 826 денари или 6% од 13.750 денари просечна пензија сега 14.580 денари. Ќе има уште поголем тренд на пораст на плати и пензии во периодот што доаѓа. 

Во подготовка е новиот Закон за работните односи и во таа насока разговаравме за можноста за намалување на вкупното времетраење на договорот на определено време при трансформација во договор за трајно вработување, при што ќе се имаат во предвид и барањата на работодавачите, со цел да се постигне консензус и заеднички договор.

Разговаравме и на други важни теми од социо-економски аспект. 

На самиот крај би сакал да упатам искрени честитки по повод 1 Мај Меѓународниот ден на трудот до сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија со желби преку заеднички труд и вредна работа да сработиме за личен напредок и заеднички прогрес на нашата земја.“