МИА Интервју со министерот за правда Блерим Беџети

Како ја оценувате работата на Министерството за правда откако сте на оваа функција?

- Познато е дека ресорот што го раководам зазема клучно место во извршната власт, не само поради обемноста на надлежностите кои истиот ги опфаќа или ги има, туку и поради важноста на неговата улога во општеството, тука пред се мислам во квалитетот на креирање на политики за перманентна надградба на правосудниот систем, кој како и во секоја друга држава  и во Република Македонија е од исклучителна важност за владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните.

Ве уверувам дека, додека јас го раководам овој ресор, во континуитет се преземаат и ќе продолжат да се преземат и спроведуваат активности кои ќе имаат единствена цел, а тоа е правосудниот систем до стане ефективен и во него граѓаните да гледаат заштитник на правниот поредок и на нивните права, како и верба за неговото квалитетно и правично функционирање.

Активностита што ја прави Министерството за правда, а која треба уште повеќе да се зајакне, секако  е следењето на напредокот, односно реформите од причина што само со суштински и квалитетни анализи за спроведувањето на реформите можеме многу побрзо да ја постигнеме посакуваната цел.

Сметам дека Министерството за правда со нејзиниот кадровски потенцијал и со телата формирани од моја страна, во кои учествуваат и друг кадар од науката, судството и други, прават се овој ресор да е на ниво на извршување на нејзината функција. Активностите што се преземат ќе продолжат и во иднина, а оценка за сработеното најдобро може да даде јавноста, односно граѓаните на Република Македонија.

Јас ќе направам се што е во рамките на мојата надлежност, реформите во правосудството да продолжат со уште понагласен интензитет, од секакво аспект, односно како од формално правен, така и од создавање услови за квалитетна имплементација на законите. Владеењето на правото и правдата за мене се приоритет.


На крајот на минатиот месец учествувавте на Неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи на Европската унија во  Копенхаген, Данска. Кои заклучоци беа донесени на состанокот ?

- Еднa од централните теми кои се дискутираа на првиот ден од состанокот беа проблемите со  притисокот од илегални имигранти и баратели на азил во Европа, а кој е предизвик  со кој се соочува Европската унија. За ова прашање земјите членки на Европската Унија покажуват меѓусебна солидарност и вложуваат заеднички напори за надминиување на ова појава.

На состанокот се дискутираше и за предизвиците во борбата против тероризмот, прекуграничниот криминал, организираниот криминал и азилантскиот и миграциски притисок со кои се соочува Европската унија.

За наведените прашања дискутиравме и околу зајакнување на системот за размена на информации како и за зајакнувањето на соработката за трансфер на осудени лица за отслужување на казните во нивните матични земји.

Не од помала важност беа и дискусиите за новите предлози на Европската комисија во врска со признавањето и извршувањето на одлуките на судот во граѓанското и трговското право, соработка на Европската унија во казненото право вклучувајќи го одредување на одредби за казните во Правото на ЕУ и прашањата поврзани со трансфер на осудени лица за да ја отслужуваат казната во нивните матични земји.  

Како ја оценувате новата надлежност на Врховниот суд да одлучува, односно суди за заштита на правото на судење во разумен рок, односно кои мерки се превземаат да се превенираат ваквите случаи во делот на неразумното траење на постапките пред домашните судови во правец на нивно забрзување?

- Не случајно уште пред 60 години ова право  е признато и загарантирано на европско ниво. Истото го гарантира и нашиот правен систем.  Имајќи ги предвид апликациите на граѓаните на Република Македонија пред судот во Стразбур по однос на ова право, кај нас беше спроведена анализа и оцена на ефективноста на заштитата на ова право, односно оцена на начинот на толкување и примена на  новото правно средство во оваа насока. Анализата покажа дека има потреба од воведување на ваков заштитен правен инструмент во нашето национално право и таа надлежност со закон му се довери на Врховниот суд на Република Македонија.

Следењето на примената на  ова надлежност на Врховниот суд на Република Македонија покажува дека ова мерка дава солидни резултати. Ова не го велам сам, туку е и мислење на релевантни меѓународни организации. Овие анализи ги потврдува и фактот  кои говори за  намалениот прилив на апликациите против Република Македонија пред Европскиот суд во однос на судење во разумен рок.

Што конкретно превзема Министерството за правда во делот на приближување на Македонија до европските стандарди  кои се неопходни за нејзина интеграција во Европската унија?
 
- Ресорот што го раководам има клучна улога во делот на обезбедувањето на функционален и ефикасен пристап до правдата и втемелување на принципот на владеење на правото, заснован врз европските правни стандарди.

На тој план, во континуитет се превземаат активности за координација и спроведување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација  посебно во делот на правосудството, антикорупциската политика и човекови права, следење на реализацијата, како и се презентираат реализираните законодавни и институционални активности од сферата на реформата на правосудство, анти-корупциската политика и човековите права.

Поконкретно, Министерството за правда во континуитет превзема активности во насока на забрзување на судските постапки, зголемување на квалитетот на судските одлуки, зајакнување на отчетноста во вршењето на судиската функција, создавање стабилен судски систем на финансирање, а со воведувањето на современата информатичка технологија се зголемува транспарентноста и јавноста на работата на судовите во Република Македонија, со што се зајакнува довербата на граѓаните во судството.

Кога сум овде, би сакал да ја потенцирам важноста на пренесување на надлежности од судската власта на другите јавни служби како што се извршителите и нотарите, со што судската власта е растoварени со над 400 илјади извршни предмети по кои ќе постапуваат извршителите и нотарите.

Значајни се активностите кои Министерството за правда, ги превзема на полето на борбата против корупцијата и организираниот криминал, што преставува силна политичка волја за бескомпромисна борба против тоа зло.

Кои тековни активности ги презема Министерството на полето на реформите во правосудството во Македонија, кои се во насока на обезбедување на независен и ефикасен судски систем?

- Поделбата на власта е столб на демократското општество. Оттука, независноста и ефективноста на судскиот систем е од посебна важност за граѓаните, а со тоа и за општеството. Моето мислење за состојбите, како и мојот став за потребата од независен и ефективен судски систем во Република Македонија го имам истакнато во моите јавни настапи. Инаку, грешиме ако мислиме дека реформите на правосудниот систем се само донесување на правна регулатива било од материјално уредување или од процесната сфера. Јас, на неколку наврати за јавноста го имам кажано дека правосудниот систем, кој секако дека пред се треба да биде поставен квалитетно, не е едноставна работа, напротив многу е комплексна и треба да се делува од сите аспекти, тргнувајќи од создавањето на услови, вложувања во тој систем, како и многу поголема финансиска независност и секако зајакнување и на кадровските капацитети.

Јас цврсто стојам на мојот став и тоа ќе продолжам и  да го правам реформите да се следат сериозно и да се помогне од сите аспекти.

Република Македонија склучи неколку договори за екстрадиција на сопствени државјани. Каков е ефектот од нивната имплементација?

- Прво мора да повторам дека борбата против организираниот криминал и корупцијата е еден од приоритетите  на Владата. И порано има нагласено дека пречките  за предавање односно екстрадиција, како што се посебно  двојното државјанство во никој случај не смеат да бидат пречка за ефективна борба против криминалот. 

Не случајно беше донесен амандаманот  XXXII кој, на државјанин на Република Македонија му го гарантира правото да не му биде одземено државјанството,  ниту да може да биде протеран од државата или да биде предаден на друга држава, но со еден исклучок освен врз основа на ратификуван меѓународен договор и со одлука на суд.  Мислам дека сум јасен и ме сфаќате дека  сакам да кажам дека постои не само политичка волја, туку и децидна правна одредба која гарантира ефективна борба против криминалот.              

Имено, како што веќе е познато Република Македонија склучи билатерални договори за екстрадиција со други држави, вакви договори се потпишани со Република Хрватска, Црна Гора и Република Србија, кои се во постапка за ратификација, а во тек се постапки  за склучување на вакви договори и со други земји. Со што се дозволува екстрадиција на наши државјани само за најтешките облици на организиран криминал, корупција и перење пари.

Неодамна  потпишавте  писмо на намери  со  амбасадорот на Кралството Холандија, Мариет Шурман. Со потпишувањето се означи започнувањето на проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија“. Која е целта на проектот?

- Цели на проектот се пред се утврдување на слабостите во постојните легислативни и институционални механизми за медијација, зголемување на капацитетите за медијација и подигнување на свесноста за можностите на медијацијата во Македонија.

Проектот ја означува  подготвеноста на Кралството Холандија да продолжи и понатаму да ја подржува Република Македонија во нејзината определба за успешна реализација на судските реформи, како еден од клучните елементи кој треба да придонесат за зачленување на Република Македонија во семејството на Европската унија.

Сакам да изразам благодарност до Владата на Кралството Холандија, која останува и понатаму искрен пријател на Република Македонија и чија  поддршка се манифестира токму  и со ова Писмо за намери. 

Како би ја прокоментирале неодамна започна кодификацијата на Граѓанскиот законик, што е најголем легислативен проект во поновата правна  историја на Република Македонија.

- Токму така. Кодификацијата има исклучителна важност за нашиот правосуден систем и посакувам што поскоро тоа право да го имаме кодифицирано.  Дозволете да ја истакнам големата заинтересираност на Владата на Република Македонија со директната подршка на овој  голем проект кој ќе биде голем придонес во јакнењето  на демократското општество, владеење на правото и правната држава. Дека  Владата на Република Македонија  е  посветена на овие прашање зборува и фактот што законите со европски предзнак секогаш имаат приоритет во нивното подготвување и донесување.