Надлежности и организациона поставеност на Генералниот секретаријат

Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата на Република Македонија е основан со Законот за Владата на Реопублика Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 59 /200 0, 12/2003.55/2005 и 37/2000 ).

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија обезбедува логистичка – стручна поддршка на Владата во целина, на Претседателот на Владата, замениците на Претседателот на Владата, министрите (членовите на Владата), а со цел за законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата на Република Македонија.

Генералниот секретар раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа.