Основни информации

  • со Генералниот секретаријат раководи генерален секретар на Владата кого го именува и разрешува Владата;
  • на генералниот секретар на Владата, Владата му именува заменик;

Генералниот секретар:

  • раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа;
  • обезбедува законита и ефикасна работа на Генералниот секретаријат и донесува стручни упатства и акти со кои ја уредува организацијата и начинот на работа и во согласност со закон одлучува за правата, должностите и одговорностите на вработените во Генералниот секретаријат;
  • остварува соработка со Канцеларијата на Претседателот на Владата во рамките на своите надлежности;
  • соработува со министерствата и со другите органи на државната управа, особено по прашањата на стратешките приоритети и анализа на политиките;
  • остварува соработка со државните секретари во врска со доставување на материјалите на Владата и спроведување на заклучоците на Владата;
  • во согласност со упатствата на Претседателот на Владата ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата;
  • учествува во работата на седниците на Владата без право на одлучување и се грижи за процедуралните прашања во текот на седницата на Владата;
  • се грижи и обезбедува услови за работа на работните тела на Владата;
  • ги доставува заклучоците на Владата до надлежните министерства;
  • се грижи за објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”;
  • го организира подготвувањето на Годишната програма за работа на Владата;
  • се грижи за извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.