Организациони облици на Генералниот секретаријат

ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ И НИВНИОТ ДЕЛОКРУГ

 

  1. Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  2. Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции;

  3. Сектор за стратегија, планирање и следење;

  4. Сектор за анализа на политиките и координација;

  5. Сектор за организациони и нормативно правни работи поврзани со седниците на Владата;

  6. Сектор за човечки ресурси;

  7. Сектор за финансиски прашања;

  8. Сектор за внатрешна ревизија;

  9. Сектор за правни и други стручни работи;

  10. Сектор за односи со јавноста;

  11. Сектор за информатичка технологија;

  12. Сектор за општи работи;

  13. Сектор за документација и библиотека;

  14. Сектор за протокол и преведување.

 

1. СЕКТОР ЗА СТРУЧНO-ОПЕРАТИВНА И ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР, ЗАМЕНИКОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МAКЕДОНИЈА И МИНИСТРИТЕ БЕЗ РЕСОР

 

Основни надлежности:

  • подготовка на материјали, мислења и анализи за потребите на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  • обезбедување на стручно-оперативна и логистичка поддршка за потребите на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  • разгледување и обработка на материјалите доставени до генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  • грижа за тековната комуникација помеѓу генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата и останатите вработени во Генералниот секретаријат;

  • подготовка на извештаи од официјалните средби и настани на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  • соработка со државните службеници задолжени за протоколот и преведување во врска со работите поврзани со протокол и преведување на документи и материјали за потребите на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  • координација на активности со Министерството за надворешни работи, како и со дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство и амбасадите на странските држави во Република Македонија во врска со обезбедување на дипломатски ноти, прием и испраќање на дипломатска пошта, како и во врска со службените патувања на делегација на Владата на Република Македонија во случај кога генералниот секретар или министрите без ресор се шеф или член на делегација;

  • соработка со СОЗР и соодветните служби на Владата и министерствата во насока на логистичка поддршка за службени патувања на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор, во Републиката и во странство;

  • обезбедува административно-техничка поддршка за потребите на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор;

  • соработка со државните советници и раководители на другите сектори во Генералниот секретаријат, како и со раководни државни службеници од другите орани за прашања од делокруг на секторот.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за стручно-оперативна поддршка на генералниот секретар на Владата на Република Македонија;

  • Одделение за логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор, задолжен за странски инвестиции и промоција на извозот;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор, задолжен за странски инвестиции;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор (Декада на Ромите);

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор, задолжен за промоција на деловната клима за привлекување странски инвестиции

 

2. СЕКТОР ЗА ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ, СТРУКТУРНИ РЕФОРМИ И ИНВЕСТИЦИИ

 

Основни надлежности:

  • обезбедува стручно-оперативна и административно-техничка поддршка на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација на економските ресори;

  • координација на активностите и имплементација на обврските преземени од Република Македонија со аранжманите на релевантните меѓународни финансиски и економски организации и институции (јавни и приватни);

  • координација на имплементацијата и следење на процесите поврзани со структурните реформи и инвестициите;

  • координација и следење на процесот на проценка на влијанијата на законската регулатива врз деловниот сектор;

  • подготовка на стручни анализи, информации, планови, програми, матрици, извештаи и други материјали од областа на економските политики, структурни реформи и инвестиции и следење на прописите од делокругот на надлежностите на секторот;

  • анализа на материјалите од областа на економски прашања, структурни реформи и инвестиции, кои се разгледуваат на работните тела на Владата;

  • соработка со другите сектори во Генералниот секретаријат на Владата и со надлежните министерства по прашања од областа на економски прашања, структурни реформи и инвестиции;

  • соработка со другите органи на државната управа, како и со релевантните меѓународни економски и финансиски организации и институции, синдикатите, невладините организации;

  • соработка со Канцеларијата на Претседателот на Владата, по прашања од областа на економските политики, структурните реформи и инвестиции;

  • комуникација со домашната и меѓународната бизнис заедница, синдикатите и невладините организации околу остварувањето на стратешките приоритети на Владата од економската област.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за тековни економски политики;

  • Одделение за регионален и одржлив развој;

  • Одделение за стручно-оперативна поддршка на Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори;

  • Одделение за конкурентност и соработка со меѓународна заедница;

  • Одделение за јавно приватно партнерство и инвестиции;

  • Одделение за структурни реформи и регулатива.

 

3. СЕКТОР ЗА СТРАТЕГИЈА, ПЛАНИРАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ

 

Основни надлежности:

  • ги врши потребните подготовки за утврдување на стратешките приоритети на Владата;

  • подготвува анализа за постигнатите цели и резултати од спроведувањето на стратешките приоритети на Владата од претходната година;

  • подготвува Предлог – одлука за стратешките приоритети на Владата;

  • се грижи за доследната примена на Методологијата за стратешкото планирање и подготвување на годишната Програма за работа на Владата;

  • соработува со Министерството за финансии за остварување на стратешките приоритети преку нивно вградување во Буџетот на Република Македонија;

  • го следи начинот и степенот на остварувањето на стратешките приоритети на Владата;

  • подготвува извештај за степенот на остварувањето на стратешките приоритети на Владата;

  • подготвува Предлог – годишна Програма за работа на Владата и го следи нејзиното остварување;

  • обезбедува Канцеларијата на претседателот на Владата редовно да се информира за актуелните состојби и прашања во спроведувањето на стратешките приоритети на Владата;

  • остварува постојани контакти и соработува со Канцеларијата на претседателот на Владата, Правниот и Економскиот совет на Владата, надлежните сектори во министерствата и научните установи и институции;

  • подготвува материјали поврзани со реализацијата на развојните документи;

  • соработува со домашни и меѓународни организации за прашања од областа на стратешкото планирање;

  • учествува во подготвувањето на Буџетот на Генералниот секретаријат и го следи неговото извршување;

  • планирање на инструментот за претпристапна поддршка и помош-ИПА и програмирање, техничка имплементација, мониторинг и евалуација (на ниво на проект);

  • организира генерички и специјализирани обуки од областа на стратешкото планирање и следење.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за стратешко планирање и следење;

  • Одделение за подготовка и следење на спроведувањето на Годишната програма за работа на Владата,

  • Одделение за ИПА.

 

4. СЕКТОР ЗА АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИТЕ И КООРДИНАЦИЈА

 

Основни надлежности:

  • се грижи материјалите и актите кои се доставуваат до Владата да се конзистентни, засновани врз квалитетни анализи и консултации со заинтересираните страни;

  • дава совети и мислења и учествува во утврдувањето на концептот на содржината на материјалите и актите кои ги подготвуваат органите на државната управа;

  • ја организира работата на стручните совети на Владата – Правниот и Економскиот совет и изготвува стручни мислења по прашањата што се предмет на разгледување пред овие стручни совети;

  • врши проверка за степенот на подготвеноста на материјалите и актите за седница на Владата кои се однесуваат за прашања од стратешките приоритети на Владата, како и нивните стручни аспекти;

  • соработува и врши координација со министерствата во разрешувањето на одделени прашања од стратешки карактер за кои имаат различни мислења и ставови, а заради надминување на последиците врз утврдената политика и нивното влијание врз стратешките приоритети на Владата;

  • се грижи за навремено подготвување на седниците на стручните совети на Владата (правен и економски совет), подготвување на извештаи, стручни мислења и записници на истите;

  • го следи и координира спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација на Република Македонија;

  • се грижи за транспарентност и отчетност во работата на органите на државната управа преку координација на порталот www.uslugi.gov.mk и механизмот Граѓански дневник;

  • го следи и координира спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор;

  • се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор и вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики;

  • ја следи реализацијата на препораките на Државниот завод за ревизија;

  • ги подготвува седниците на Ревизорскиот комитет како постојано стручно тело на Владата.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за следење и квалитетно спроведување на ИСО стандардите во Владата на Република Македонија;

  • Одделение за стручни совети на Владата;

  • Одделение за соработка со невладините организации;

  • Одделение за следење на препораките на Државниот завод за ревизија.

 

5. СЕКТОР ЗА ОРГАНИЗАЦИОНИ И НОРМАТИВНО ПРАВНИ РАБОТИ

ПОВРЗАНИ СО СЕДНИЦИТЕ НА ВЛАДАТА

 

Основни надлежности:

  • се грижи материјалите и актите кои се доставуваат до Владата и нејзините работни тела да се конзистентни и засновани врз разработени и квалитетни анализи;

  • врши проверка на степенот на подготвеност на материјалите и актите за седниците, како и дава совети и мислења во врска со содржината на материјалите и актите кои ги подготвуваат органите на државната управа;

  • го информира и дава стручни мислења на генералниот секретар на Владата во подготовка за седниците на Генералниот колегиум, работните тела и Владата;

  • обезбедува стручна и логистичка поддршка во врска со подготвувањето и одржувањето на седниците на Генералниот колегиум, работните тела и Владата;

  • подготвува заклучоци и записници од седниците на Генералниот колегиум, работните тела и Владата;

  • подготвува преглед на донесени заклучоци;

  • го информира генералниот секретар, државните секретари и министрите за реализација на заклучоците;

  • го следи извршувањето на документите и прилозите за спроведување на мерките на приправност и за начинот за спроведување на мерките за заштита и спасување на работниците и материјалните добра од воени дејствија, природни непогоди и други несреќи и последици предизвикани од нив;

  • соработува со министерствата и другите органи на државната управа во врска со материјалите и актите доставени за разгледување на седниците на Генералниот колегиум, работните тела и Владата;

  • дава стручни мислења на претседателите на основните комисии во врска со прашањата кои се разгледуваат пред комисиите;

  • се грижи за навремено подготвување на седниците на Генералниот колегиум, работните тела и Владата и подготвување на мислења и записник;

  • врши стручни работи кои произлегуваат од односите на Владата со Собранието и претседателот на Република Македонија и други органи и организации;

  • врши стручни работи кои произлегуваат од работата на Владата;

  • врши работи поврзани со координација, насочување и спроведување на активностите произлезени од седниците на Владата;

  • ги координира активностите и дава стручна-логистичка поддршка во врска со подготвување и одржувањето на седниците на Генералниот колегиум, работните тела и Владата;

  • врши стручно – организациони работи што произлегуваат од работата на Владата, редакција на записниците и актите на Владата, како и доставување за објавување на акти на Владата во „Службен весник на Република Македонија“.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за политички систем;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за економски систем и тековна економска политика;

  • Одделение за прием на материјали за организирање на седници на Владата;

  • Одделение за достава на материјали за организирање на седници на Владата;

  • Одделение за стручно-организациона и логистичка поддршка на Генералниот колегиум на државните секретари;

  • Одделение за записници, заклучоци и други акти на Владата;

  • Одделение за соработка со Собранието на Р.М. и Претседателот на Република Македонија;

  • Одделение за затворени седници.

 

6. СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Основни надлежности:

  • следење и примена на законите и другите прописи и општи акти во врска со човечките ресурси;

  • стручна и логистичка поддршка од областа на кадровските прашања на Комисијата за именување и на Владата;

  • се грижи за водење и ажурирање на персоналната евиденција на државните службеници во Генералниот секретаријат и водење на нивните персонални досиеја;

  • спроведување на постапката за вработување во Генералниот секретаријат и изработување на решенија кои произлегуваат од областа на работните односи;

  • подготвува програма за развој на човечките ресурси за потребите на Генералниот секретаријат и работи на обезбедување на потребните човечки ресурси за извршување на обврските на Генералниот секретаријат;

  • ги идентификува потребите и предлага програми за обука за вработените во Генералниот секретаријат;

  • го спроведува системот на оценување, планирање на кариерата, мотивираност и оценување;

  • изработување на аналитички материјали од делокругот на кадровската политика и развој на човечките ресурси.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за управување со човечки ресурси;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за именување.

 

7. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

 

Основни надлежности:

  • следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;

  • управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија утврдени со буџетот;

  • подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија;

  • измена и дополнување на буџетот на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија;

  • контрола на подготовката и извршувањето на буџетот;

  • спроведување ex-ante и ex-post финансиска контрола;

  • изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија;

  • следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија;

  • сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка;

  • подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој го подготвува одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај;

  • благајничко работење;

  • подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;

  • пресметувањето и исплатата на платите на вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија;

  • примената на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;

  • следењето и согледувањето на потребите од набавки во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија;

  • изготвувањето на годишен план за јавните набавки и негова реализација.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за буџетска координација;

  • Одделение за буџетска контрола;

  • Одделение за сметководство и плаќање;

  • Одделение за јавни набавки.

 

8. СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

 

Основни надлежности:

  • следење и примена на законите и другите прописи од областа на внатрешната ревизија вклучувајќи ги оние кои произлегуваат од меѓународните обврски на Република Македонија и/или од членството во меѓународни групации;

  • стручно-оперативни задачи од областа на внатрешната ревизија со придржување до пропишаните политики, насоки и процедури преку промовирање на економичност, ефикасност и ефективност на активностите на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, како и насоченост кон транспарентност и одржливост на јавните услуги;

  • соработка со Министерството за финансии и Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола во врска прашања, активности и надлежности поврзани со функционирањето на секторот односно одделенијата во состав;

  • соработка со Државниот завод за ревизија во рамки на надлежности утврдени со закон и подзаконските акти;

  • координирање на работата на одделенијата за внатрешна ревизија;

  • примена на строго определен пристап за процена и подобрување на успешноста во процесите на управувањето со ризикот, контролата и раководењето од аспект на помагање за исполнувањето на стратешките и краткорочните цели на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат;

  • оценување на значајни фактори на ризик, утврдување и разбирање на потенцијалните ризици во активностите на Генералниот секретаријат и давање совети на генералниот секретар за намалување на факторите за ризик;

  • вршење анализи со кои се утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиското управување и контрола;

  • давање препораки за подобрување на работењето на Генералниот секретаријат;

  • проверка на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;

  • утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и интерните акти;

  • спроведување на принципите на законитост, независност, непристрасност, доверливост и професионалност во извршувањето на работните задачи;

  • вршење ревизија на системите за внатрешни контроли;

  • вршење ревизија на усогласеност – (регуларност);

  • вршење ревизија на успешноста во работењето (економичноста, ефикасноста и ефективноста);

  • вршење финансиска ревизија;

  • вршење ИТ ревизии;

  • подготовка на извештаи за извршените ревизии;

  • следење на спроведувањето на превземените мерки од генералниот секретар врз основа на ревизорските извештаи;

  • подготвување предлози за донесување, измена и следење на Годишниот план за внатрешна ревизија следење на спроведување на одобрениот годишен план;

  • подготвување на упатство за работа и повелба на внатрешната ревизија;

  • информирање на генералниот секретар на Владата во случаи на појава на конфликт на интереси при извршувањето на работите од надлежноста на секторот и одделенијата;

  • навремено информирање на генералниот секретар на Владата во случај на појави на нерегуларности или измами кои би можеле да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;

  • подготовка на годишни извештаи од надлежност на секторот;

  • подготовка на годишни планови за обука за потребите на секторот односно одделенијата.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за ревизија на регуларност, ревизија на системите за внатрешна контрола и ИТ ревизија;

  • Одделение за финансиска ревизија и ревизија на успешност на работењето.

 

9. СЕКТОР ЗА ПРАВНИ И ДРУГИ СТРУЧНИ РАБОТИ

 

Основни надлежности:

  • следење и примена на законите и другите прописи и општи акти во врска со правните и другите прашања;

  • врши нормативно-правни, управно-надзорни и стручно-оперативни задачи од областа на правните и другите прашања;

  • соработува со Државното правобранителство на Република Македонија во врска со правната заштита на имотните права и интереси на Република Македонија кога како странка во постапките пред надлежните судови во Република Македонија и другите органи се јавува Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат;

  • соработува со Народниот правобранител на Република Македонија во врска со заштитата на уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога истите им се повредени со акти, дејствија и пропуштање на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации кои имаат јавни овластувања;

  • се грижи за исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

  • дава стручна и административно-техничка поддршка на посебните комисии;

  • постапува по претставките на граѓаните доставени до претседателот на Владата и Владата;

  • соработува со другите сектори во Генералниот секретаријат.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за правни работи;

  • Одделение за претставки;

  • Одделение за посебни комисии.

 

10. СЕКТОР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

 

Основни надлежности:

  • ја информира јавноста за активностите на Владата;

  • го обединува комуникацискиот систем на Владата во однос кон јавноста, собира податоци за активностите на Владата во целина и на министерствата поодделно и врши дистрибуција на информациите во рамките на Владата и од Владата кон јавноста;

  • ги следи средствата за информирање, ги обработува информациите и ја запознава Канцеларијата на Претседателот на Владата и други заинтересирани интерни – владини корисници;

  • го конципира и реализира официјалното претставување на Владата во јавноста и обезбедува непосредна комуникација за активностите на Владата со медиумите и останатата јавност;

  • организира прес конференции, брифинзи и информативни кампањи во соработка со владини институции или со други надворешни соработници, институции, професионални агенции;

  • обезбедува комуникациско работење во Владата и на Владата со јавноста во кризни ситуации врз основа на посебни планови и врши и други работи од делокругот на работата на Генералниот секретаријат;

  • издава соопштенија за јавноста;

  • обезбедува одржување и администрирање на web страницата на Владата;

  • издава билтени-информации за позначајни прашања што се разгледуваат на Владата;

  • ја води и ажурира листата на информации од јавен карактер, ги објавува информациите од јавен карактер на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и сл.);

  • ја информира јавноста за основните податоци за контакт со Генералниот секретаријат, начинот на поднесување на барање за пристап до информации, прописи кои се однесуваат на надлежноста на Генералниот секретаријат, сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдена со закон, организацијата и трошоците на работењето, како и за давањето услуги на граѓаните во управната постапка, како и други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на Генералниот секретаријат, а се однесуваат на остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер;

  • соработува со секторот надлежен за давање на информации од јавен карактер;

  • ги координира активностите во врска со издавањето на акредитации и одобренија за снимање на странски медиуми.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за односи со медиумите, координација и организација на информативните активности;

  • Одделение за медиумско следење, анализа и истражување;

  • Одделение за интернет комуникација и комуникација со странски медиуми;

  • Одделение за информативно-промотивна дејност.

 

11. СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

 

Основни надлежности:

  • врши организационо, методолошки и аналитички работи во областа на проектирањето на информациониот систем на Владата;

  • предлага стандарди во областа од информатички и комуникациски технологии;

  • врши подготовка, спроведување и следење на насоките за Е-Влада;

  • дава стручно мислење и обука во полето на планирање и развој на информациони системи, водење на проекти, надгледување и одржување на бараниот квалитет на изработените апликативни решенија и стандардни алатки;

  • учествува во подготвувањето и дава стручно мислење по нормативни акти во кои се уредува водењето и начинот на користење на евиденциите од областа на Генералниот секретаријат;

  • дава стручно мислење за потребите за набавка на информатичка опрема, во согласност со насоките за информационен систем на Владата и Генералниот секретаријат;

  • подготвува анализи, информации и други документи за одделни аспекти на информациониот систем во областа на Генералниот секретаријат;

  • го следи развојот на нови информатички технологии и ги проучува потребите за воведување на нови информатички сервиси;

  • врши подготовка на заеднички основи и стандарди за одржување на Интернетот во Владата и Генералниот секретаријат и овозможување на современа комуникација на Генералниот секретаријат со граѓаните на Република Македонија;

  • се грижи за безбедноста и заштитата на информациониот систем;

  • изработува годишен план за информациониот систем;

  • го обезбедува развојот и функционирањето на информациониот систем во Владата и Генералниот секретаријат;

  • управува со техничката основа на информациониот систем.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за организација, планирање, проектирање и развој;

  • Одделение за информатичка инфраструктура и експлоатација;

  • Одделение за веб и мултимедија.

 

12. СЕКТОР ЗА ОПШТИ РАБОТИ

 

Основни надлежности:

  • следењето и примената на законите и другите прописи и акти во врска со општите и други стручни прашања;

  • стручно-оперативни задачи од областа на општите и другите стручни прашања;

  • врши работи кои се однесуваат на информационо-техничката поддршка;

  • врши компјутерска обработка на текстови, односно отчукување на текст од ракопис, од пишуван текст и по диктат;

  • подготовка на анализа на потребите од заеднички служби во Генералниот секретаријат;

  • подготвува табели и се грижи и за квалитетно обликување на текстовите кои се чукаат;

  • врши и други административно-технички работи кои по својот вид и карактер соодветствуваат на овие задачи.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за општи и административни работи;

  • Одделение за стручни и административно-технички работи;

  • Одделение за заеднички работи;

  • Одделение за одржување и ракување со техничка опрема;

  • Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комитетот за водење истрага за случени сериозни несреќи, несреќи и инциденти на железничкиот систем.

 

13. СЕКТОР ЗА ДОКУМЕНТАЦИЈА И БИБЛИОТЕКА

 

Основни надлежности:

  • преку писарницата врши прием, отворање, прегледување и распоредување на актите, евидентирање и задржување на актите, нивно разведување и архивирање од писарницата во архива;

  • ги заштитува, чува и одржува документарниот материјал, односно архивската граѓа во изворна и безбедна состојба, да не се оштети, исчезне или уништи и го користи согласно со Законот за архивската граѓа, други прописи и општи акти од оваа област;

  • води евиденција за документарниот материјал, односно архивската граѓа;

  • дава податоци, информации за материјалот, односно граѓата на барање на Државниот архив на Република Македонија (во натамошниот текст: Архив);

  • дава дозволи на Архивот или на лице овластено од Архивот да изврши увид во состојбата на материјалот, односно граѓата, истражување, проучување, снимање, користење и изведување мерки за заштита на материјалот, односно граѓата;

  • обезбедува достапност на материјалот, односно граѓата на јавноста, според одредбите на Законот за архивската граѓа, други прописи и општи акти;

  • го известува Архивот за сите правни и фактички промени на материјалот, односно граѓата;

  • врши попис на материјалот за уништување;

  • се грижи за обезбедување на услови за сместување и обезбедување на материјалот, односно граѓата;

  • подготвува и навремено ги доставува до надлежниот Архив, Планот за архивски знаци, Листата на архивска граѓа и Листата на документарен материјал;

  • врши и го определува начинот на приемот, прегледувањето и распоредувањето на документарниот материјал;

  • врши контрола и дава стручна помош за примената на Планот на архивските знаци за распоредување на актите како и Уредбата за архивско и канцелариско работење во секторите, одделенијата, основните и посебните комисии и други работни тела на Владата на Република Македонија;

  • учествува во подготвувањето на разни упатства за работа и дава стручна помош од областа на канцелариското и архивското работење;

  • учествува во работата на комисиите за уништување на документарниот материјал;

  • го обележува, датира и води основна евиденција за документарниот материјал и врши негова административно – техничка обработка;

  • обезбедува навремено враќање на свршените предмети, го класифицира документарниот материјал и врши негово тековно архивирање;

  • врши тековно одбирање на архивската граѓа и издвојување на документарниот материјал за уништување;

  • води единствена евиденција на архивската граѓа;

  • го обележува архивскиот примерок;

  • се грижи за обезбедување на соодветен простор, стандардна опрема и технички средства за чување, заштита и обезбедување на материјалот, односно граѓата што ги пропишува Архивот;

  • ја предава архивската граѓа на Архивот во состојба и по истекот на роковите утврдени во Законот за архивската граѓа;

  • планира и спроведува мерки за заштита на материјалот, односно граѓата во случај на воена или вонредна состојба;

  • се грижи за библиотечниот фонд на Генералниот секретаријат и Владата на Република Македонија.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за канцелариско и архивско работење;

  • Одделение за документација и библиотека;

  • Одделение за публикации на Владата.

 

14. СЕКТОР ЗА ПРОТОКОЛ И ПРЕВЕДУВАЊЕ

 

Основни надлежности:

  • врши работи од областа на протоколот и преведувањето за потребите на Генералниот секретаријат;

  • врши стручни работи во врска со преведување од англиски, германски, француски или друг јазик од земјите членки на Европската унија на македонски јазик и обратно;

  • соработува со Државниот протокол, протоколот на Собранието на Република Македонија и протоколот на претседателот на Владата;

  • обезбедува протоколарни и преведувачки работи за потребите на замениците на претседателот на Владата, министрите без ресор, генералниот секретар и неговиот заменик;

  • врши коресподенција со преведувачката мрежа во министерствата и другите надлежни институции;

  • подготвува материјали за информирање и извештаи за реализација на активностите во преведувачкиот процес;

  • врши и други административно-технички работи кои по својот вид и карактер соодветствуваат на овие задачи;

  • соработува со надлежниот сектор надлежен за давање на информации од јавен карактер.

 

Одделенија во секторот:

  • Одделение за протокол;

  • Одделение за преведување.

 

ОРГАНОГРАМ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ ( . pdf формат )