Премиерот Груевски се сретна со европратениците од групата „Пријатели на Македонија“

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска(вторник, 21.02.2012 година) оствари средба со членовите на Европскиот парламент, г-дин Ричард Ховит, г-дин Едвард Кукан и г-дин Алојз Петерле, кои воедно се членови и на групата Пријатели на Македонија.

На средбата се разговараше за европските и евроатлански интеграции на Република Македонија и аспектите кои имаат улога во нивната реализација.

Премиерот Груевски информираше за реформите и модернизацијата кои ги спроведува македонската Влада за достигнување на европските и евроатлански стандарди во сите сфери каде што тоа е потребно.

Премиерот истакна дека трајна заложба на Владата е реализација на овие стратешки определби и засилување на интензитетот и динамиката на реформскиот процес.

Европарламентарците ги истакнаа пораките на пријателство кон Република Македонија. Беше истакната вербата и подготвеноста за поддршка и афирмација на реформскиот процес во насока на реализација на зацртаните цели за интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Од страна на сите соговорници беше истакната значајноста од продолжување на понатамошната соработка на сите полињата на заемен интерес.