Претседател на Владата на Република Македонија

 

Емил Димитриев стапи на функцијата, Претседател на Владата на Република Македонија, на 18 јануари 2016 година во Скопје, Република Македонија.

Оженет, татко на две деца.

Роден е на 19 март 1979 година во Пробиштип.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО

  • 2014 Пратеник во Собранието на Република Македонија;
  • 2013 Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ ;
  • 2008 Заменик Министер во Министерството за Одбрана;
  • 2006 Раководител на општ сектор во Хидросистем Злетовица;
  • 2001 Вработен во ЕСМ Пробиштип.

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Постдипломец на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје;
  • Завршени обуки од областите социјално управување, човечки ресурси, односи со јавност;
  • Школа за резервни офицери на Воената Академија Генерал Михајло Апостолски во Скопје;
  • Дипломиран социолог – Филозофски факултет Скопје.