Средба на премиерот Груевски со директорот на Директоратот за проширување при ЕК, Санино

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, г-дин Стефано Санино.

На средбата претседателот Груевски ги претстави реформските активности кои што Владата на Република Македонија ги превзема во контекст на европските интеграции.

Воедно, претседателот Груевски го информираше својот соговорник и за процесот што се води под покровителство на Обединетите нации за надминување на разликите за уставното име наметнати од Република Грција, како и за посветеноста на Република Македонија за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за овој спор.

Двајцата соговорници разговараа и за утрешното отпочнување на Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија.