Министерот Беџети се обрати на годишното собрание на Нотарската комора

Министерот за правда Блерим Беџети денеска се обрати на 14-то редовно годишно собрание на Нотарската комора на Република Македонија при што изрази задоволство од работата, развојот и зголемената ефикасност на нотарите и нотаријатот во државава.

- Како Министерство за правда и натаму ќе го поддржуваме развојот на нотаријатот во функција на постигнување уште поголема ефикасност, во остварувањето на правата, слободите и интересите на граѓаните во правниот промет, зашто од големо значење е функцијата што ја вршат сите нотари во секојдневните ангажирања, во примената на законските прописи, рече Беџети.

Министерот Беџети посочи дека ја поддржува иницијативата за остварување и реализирање проект за давање бесплатни нотарски услуги за одредени категории граѓани, кои се социјално загрозени случаи.