ФИНКИ одбележа една година од формирањето

Една година по отворањето, Факултетот за информатички науки и компјутерски инжинеринг има постигнато фантастични резултати од аспект на поттикнување  на интересот кај младиите за техничките науки и за информатичката технологија, оцени министерот за образование и наука Панче Кралев на одбележувањето  на првата година од формирање на ФИНКИ.

Минатата година на факултетот се запишале 650 студенти, а годинава ќе ги отвори вратите за  700 до 800 студенти. ФИНКИ веќе работи и нова студиски програми на англиски јазик, преку која планира да прерасне во регионален универзитетски  центар во информатиката.  

Според Кралев,  и во иднина  ќе се прават напори за стимулирање на младите ученици да го продолжат своето образование  во рамки на техничките факултети, особено на Факултетот за информатичка технологија. -  МОН и Владата ќе продолжат да го охрабруваат развојот на овој факултет  како еден од основните во техничките науки, рече Кралев нагласувајќи дека во факултетот веќе функцонираат девет лаборатории во вредност од два милиони евра.

Постојано се размислува, укажа Кралев, и за нови студиски науки  согласно најновите теркови на технологијата  за да се креираат генерации млади студенти кои ќе го најдат своето  место на пазарот на труд. Кадарот што излегува од овие науки, псоочи Кралев, е еден од најбараниот  за вработувања.

Деканот  на ФИНКИ Димитар Трајановски  е задоволен од резултатите во првата година од работењето. Во оваа учебна година  запишавме над 650 студенти, коишто сакаат да студираат техника и избраа да бидат во областа на информатиката  што е извонреден избор кој во иднина би требало да им овозможи поприлично добра професионална карира во поглед на сите светски трендови, рече Трајановски.

Покрај  опремените  лаборатории,  потсети деканот, во рамки на факултетот е инсталиран и најголемиот  суперкомпјутер на просторот на поранешпна Југославија.

Трајановски информира дека моментно се работи на неколку нови студиски програми, а една од нив ќе биде комплетно на англиски јазик преку која сакаат да направиме регионален универзитетски  центар во информатиката.

Заминувањето на кадрите од техничките науки  од Македонија по завршувањето на студиите, според Трајановски, е  и добра и лоша работа. Добрата е тоа што заминуваат и стекнуваат вистинско светско искуство, но има многу што се враќаат и формираат компании во Македонија.

Пофални зборови за ФИНКИ упати и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски кој го претстави   владинот  проект „Отворено  владеење“.

Ивановски посочи дека сегашната состојба  во државните институции и државните органи укажува дека само одреден број електронски услуги се нудат спрема граѓаните и деловната заедница. - Електронските услуги значително  временски и економски го олеснуваат начинот за добивање на  услугите. Владата   си има дадено обврска да обезбеди висококвалитетни јавни услуги достапни на секое  место а некои од нив и слободни за користење. Сметаме дека итно е неопходен нов пристап кон доставата на јавните услуги, рече Ивановски и додаде дека досегашните  класични модели ќе мора да се заменат со нови политики и практики.

Според Ивановски, јавните услуги на издавање документи  треба да се отворат и да ја вклучат бизнис заедницата со  цел да се зголеми квалитетот на услугите воведувајќи  нови провајдери во процесите.