95-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
05/08/2021 - 08:30
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (381.11 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
1 Записник од Петнаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 4 август 2021 година, со Записник од Седмата седница на Групата за процена, одржана на 4.08.2021 година и со Предлог – одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија
2 Информација за изградба на пливачки базен во општина Струмица, општина Кавадарци, општина Карпош и општина Чаир, од „Проектот изградба на 14 пливачки базени“
3 Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог - одлука (КП број 2187 КО Радишани)
4 Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог - одлука (КП 13231 КО Тетово 3)
5 Предлог-програма за начинот, постапката и критериумите за распределба на средства обезбедени во потпрограма 11-Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка 488-Капитални дотации до ЕЛС во Буџетот на Министерството за транспорт и врски
6 Информација во врска со статусот на работата на Работната група за решавање на прашањата поврзани со долгот на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје кон Хрватски железници Карго и за потребата од негово решавање
7 Предлог-одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – фелдспат на Акционерско друштво за неметали ОГРАЖДЕН АД Струмица на локалитетот “Дрвош“, општина Босилово
8 Предлог-уредба за утврдување на буџетските корисници од централната власт, поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетските корисници на централната власт
9 Информација за можноста за доделување на договор за набавка со Владата на Чешката Република за ремонт на хеликоптери за исполнување на условите согласно член 4 и 5 од Уредбата за начинот на доделување на договори за набавки на Владата на Република Северна Македонија со влади на странски држави