Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гевгелија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
21.02.2022

Одлуката за определување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.3/2008 и 215/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2019), Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 1 февруари 2022 година, донесе

О Д Л У К А
за распишување Оглас за именување државен правобранител во
Државното правобранителство на Република Северна Македонија за
подрачјето на Гевгелија

  1. Се огласува именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гевгелија.
  2. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гевгелија може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.
  3. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 од Законот за државното правобранителство пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гевгелија“, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Вечер“, „Нова Македонија“ и „Коха“.
  4. Оваа одлука ќе се објави во: „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Вечер“, „Нова Македонија“ и „Коха “.