Јавен оглас за избор на 5 (пет) члена на Инспекцискиот совет

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
03.03.2022

Врз основа на член 20 и член 21 став 2, 3, 4, 5, 6 и став 7 од Законот зa инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.03/2022
за избор на 5 (пет) члена на Инспекцискиот совет

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе избере 5 (пет) члена на Инспекцискиот совет, кои функцијата ќе ја извршуваат професионално, со мандат од четири години, во следниве области:
    • пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа;
    • животна средина и заштита на здравјето на луѓето;
    • градежништво, урбанизам, комунални работи и транспорт;
    • управа и
    • образование, наука и култура.
  2. За член на Инспекцискиот советот во соодветната област може да биде избрано лице кое:
    • има државјанство на Република Северна Македонија;
    • во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во соодветната област за која ќе биде избран за член;
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку  6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
      • поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  3. Членот на Инспекцискиот советот не можe да биде член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата.
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • пријава по оглас;
    • кратка биографија;
    • уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    • доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
    • меѓународно признат сертификат или уверениe за активно познавање на англиски јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку  6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
    • потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  5. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на  5 (пет) члена на Инспекцискиот совет“.
  6. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021 и 152/2021).
  7. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е (15) петнаесет дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.
  8. Огласот ќе биде објавен и на веб-страната на Владата на Република Северна Македонија.
  9. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: