Јавен оглас за именување на директор на Државен инспекторат за транспорт

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
11.03.2022

Врз основа на член 87-б од Законот за превоз на патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“бр.68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/2018, 140/2018, 163/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019), и член 27 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.05/2022
за именување на директор на Државен инспекторат за транспорт

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот инспекторат за транспорт.    
  2. За директор на Државниот инспекторат за транспорт може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
    • е државјанин на Република  Северна Македонија,
    • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки,
    • има најмалку пет години работно искуство од областа на сообраќајот или правните науки,
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
    • има положено психолошки тест и тест за интегритет.
  3. За директор на Државниот инспекторат за транспорт не може да биде именувано лице кое е член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата или соодветната единица на локалната самоуправа.
  4. За директор на Државниот инспекторат за транспорт може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас;
    • Кратка биографија;
    • Мотивациско писмо; 
    • План и програма за идна работа;
    • Уверение за државјанство; 
    • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки;
    • доказ дека има најмалку пет години работно искуство од областа на сообраќајот или правните науки; 
    • Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
    • Доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет.
  6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за транспорт“.  
  7. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021,  152/2021 и 38/2022).
  10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
  12. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.