Јавен оглас бр.07/2022 за именување на претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.04.2022

Врз основа на член 9 став 2 и став 3 и член 10 став 1, став 2 и став 3 од Законот за ревизија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 145/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.07/2022
за именување на претседател на Советот за унапредување и
надзор на ревизијата на Република Северна Македонија

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за финансии ќе именува претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија.
  2. За претседател на Советот може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:
    • да е државјанин на Република Северна Македонија,
    • да има завршено високо образование од областа на економијата или правото,
    • да не е вработен во Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија и да не е член на ниедно извршно тело на истиот,
    • да има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото, ревизијата или финансиите,
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода;
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво;
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен;
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2),
    • да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните финансии, платниот промет, стопанството и службената должност и
    • да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.
  3. За претседател на Советот не може да се именува лице:
    • кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа и
    • кое е носител на функција во органите на политичка партија и/или член на орган на надзор, орган на управување или било кој друг орган на правен субјект кој подлежи на законска ревизија.
  4. За претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас;
    • Кратка биографија;
    • Мотивациско писмо; 
    • План и програма за идна работа;
    • Уверение за државјанство;
    • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • Диплома за завршено високо образование од областа на економијата или правото;
    • Доказ дека не е вработен во Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија и да не е член на ниедно извршно тело на истиот;
    • Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото, ревизијата или финансиите;
    • Да поседува меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода;
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво;
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен;
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2),
    • Да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните финансии, платниот промет, стопанството и службената должност;
    • Да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
    • Да не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа и
    • Да не е носител на функција во органите на политичка партија и/или член на орган на надзор, орган на управување или било кој друг орган на правен субјект кој подлежи на законска ревизија.
  6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија“.
  7. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021,  152/2021 и 38/2022).
  10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
  12. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.