Тодоров ја посети кочанската Општа болница

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Кочани ги посети Хируршкото одделение каде се реновирани санитарните јазли и неколку други одделнија во кои е инвестирана нова опрема и помагала.

- Во изминитатите месеци додека сум министер неколку пати престојувам во Источна Македонија, а денешната посета ја остварувам со цел да видам како функционира Општата болница со новиот менаџерски тим. Од Фондот за здравство сум информиран дека овде се намалени долговите, а имплементацијата на ИСО стандардите е при крај, изјави Тодоров по посетата.

На средбата со директорот на болницата Дејан Апсотоловски, министерот истакна дека Министерството ќе вработи шест специјалисти за да се комплетираат исто толку одделнија во Општата кочанска болница, а ќе спроведе и обука на четворицата интернисти со стручен кадар од кардиохирурзи за интервенција и транспоорт на болни од Кочани до Скопје.

На новинарско прашање дали се најавуваат постојани вработувања на сезонските работници, министерот рече дека такво нешто за оваа година не е планирано.