Министерот Кралев учествува на министерската конференција во Букурешт

Министерот за образование и наука Панче Кралев  денеска учествуваше на пленарната седница на министерската конференција во Букурешт, посветена на имплементацијата и предизвиците на Болоњскиот процес. 

Како што информира МОН, Кралев учествувал и на  интерактивните сесии за Букурешкото коминике, со посебен осврт на потребата од контиунирано инвестирање во високото обрзование, со оглед на глобалната економска криза, и потребата од обезбедување финансии за достапност на високото образование.

- На маргините од конференцијата, министерот Кралев се сретна со својот турски колега Омер Динчер, на која ги пренесоа искуствата во областа на високото образование. Се разговараше и за начини за зајакнување на соработката помеѓу двете држави во областа на високото образование и истражување, посебно во поглед на можноста за стимулирање на потесната соработка помеѓу научните институции на двете земји, информира МОН.

Кралев утре ќе се обрати на конференцијата, на тема „Придонесот на реформите во високото образование за поголемо вработување на високо образованите кадри“.