Тодоров ја посети штипската Клиничка болница

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиничката болница во Штип, со цел да утврди како тече планот и програмата за работа кои ги имаат директорите, по неговата посета пред неколку месеци.

Од страна на раководството Тодоров се информираше и зошто новата медицинска опрема се уште не е ставена во функција.

Министерот најави дека конкурсот за избор на ново раководство на Клиничката болница-Штип е завршен, а во наредните 15 до 20 дена ќе биде извршен изборот на двајцата менаџери.

Министерот за здравство најави дека тендерите за акцелератори за Клиничките болници во Штип и Битола веќе е објавен и очекува да завршат за 10 дена.

Според него, медицинските сестри кои се вработени кај матичните лекари, кои заминуваат во пензија нема да останат без работа, бидејќи бројот на матичните лекари нема да се намалува.