Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено

Глас на Америка: Како ги оценувате досегашните односи меѓу САД-Македонија?  Каде има простор за нивно унапредување?

Попоски: САД се наш стратешки партнер во минатото и сега, по 2008-ма и по склучувањето на стратешкото партнерство сме фокусирани на членството во НАТО.  Таа поддршка е конзистентна, а од наша страна, она што е највидливо е придонесот во мисиите на НАТО, како таа во Авганистан.

Глас на Америка: Што може Македонија да очекува од претстојниот самит на НАТО во Чикаго?

Попоски: Јасно е дека Самитот на НАТО во Чикаго нема да биде за проширување. Тоа што ние ќе го презентираме ќе биде поврзано со приоритетите во Чикаго.  Тоа е мисијата во Авганистан и концептот на „интелигентна одбрана“.  И во двата домени, имаме многу силни аргументи.  Ние сме петти најголем контрибутор по глава на жител во мисијата во Авганистан и по учество во обуката на авганистанските сили.  Тоа се аргументите кои даваат дополнителна важност за зачленување на Македонија во НАТО.

Глас на Америка: Има ли „план Б“ по Самитот во Чикаго?

Не. Мислам дека планот е конзистентен.  Оној што беше досега, ќе биде и по Чикаго.  Сакаме членство.  Тоа е заслужено.  Ги имаме исполнето критериумите. Дополнително, постои правен аргумент по пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Глас на Америка: Kои се политичките импликации на одлуката од Хаг? Jа сметате ли за победа за Македонија, или, пак, пораз за Грција?

Глас на Америка: Како ги оценувате досегашните односи меѓу САД-Македонија?  Каде има простор за нивно унапредување?

Попоски: САД се наш стратешки партнер во минатото и сега, по 2008-ма и по склучувањето на стратешкото партнерство сме фокусирани на членството во НАТО.  Таа поддршка е конзистентна, а од наша страна, она што е највидливо е придонесот во мисиите на НАТО, како таа во Авганистан.

Глас на Америка: Што може Македонија да очекува од претстојниот самит на НАТО во Чикаго?

Попоски: Јасно е дека Самитот на НАТО во Чикаго нема да биде за проширување. Тоа што ние ќе го презентираме ќе биде поврзано со приоритетите во Чикаго.  Тоа е мисијата во Авганистан и концептот на „интелигентна одбрана“.  И во двата домени, имаме многу силни аргументи.  Ние сме петти најголем контрибутор по глава на жител во мисијата во Авганистан и по учество во обуката на авганистанските сили.  Тоа се аргументите кои даваат дополнителна важност за зачленување на Македонија во НАТО.

Глас на Америка: Има ли „план Б“ по Самитот во Чикаго?

Попоски: Не. Мислам дека планот е конзистентен.  Оној што беше досега, ќе биде и по Чикаго.  Сакаме членство.  Тоа е заслужено.  Ги имаме исполнето критериумите. Дополнително, постои правен аргумент по пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Глас на Америка: Kои се политичките импликации на одлуката од Хаг? Jа сметате ли за победа за Македонија, или, пак, пораз за Грција?

Попоски: Ја сметам најмногу за победа на НАТО и за владеењето на правото.  Сметам дека она што е конечен заклучок е дека не постои правна основа за блокирање на нашето членство.  Тоа што сакаме да го постигнеме и да го потенцираме е дека сите кои се посветени на сигурен, безбеден, просперитетен Балкан, треба да работат кон наше зачленување во НАТО.  Тоа треба да го покаже и Република Грција.  Тогаш, двете земји, а и НАТО ќе бидат победници од еден таков епилог.

Глас на Америка:  Ги информиравте – генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, но и во Стејт департментот, за, како што велите,  реперкусиите што ги има Македонија од спорот за името и покрај  одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.  На каков одговор наидовте?

Попоски: Тоа што беше јасно нагласено е дека тековната блокада на основа на еден билатерален спор кој ни го има наметнато Република Грција не треба да биде причина за остварување на стратешката цел, односно членството во НАТО.  Доколку бидеме фокусирани на тоа и ја добиеме потребната поддршка од страна на сите партнери, тогаш Македонија ќе може да го заокружи тоа поглавје.  Тоа што нашите стратешки партнери во дискусиите во Вашингтон, но и во рамки на ОН во Њујорк го нагласуваат, е дека заштитата на кредибилитетот на институциите и потенцирање на владеењето на правото е заедничка вредност која ја споделуваме.  Доколку тие вредности се почитуваат, мислам дека имаме солидна вредност.

Глас на Америка:  Во исто време додека сте во Вашингтон, албанскиот премиер Сали Бериша се сретна со државната секретарка Хилари Клинтон од која доби декларативна поддршка за учеството во мисијата на НАТО во Авганистан.  Зошто, отсуствува таква декларативна поддршка и за Македонија, со оглед дека земјата е 5-ти најголем придонесувач во НАТО по бројот на жители?

Попоски: Тоа што е релевантно е дека такво признание ни се оддава на дневна база.  Факт е дека сите сојузници исклучително го вреднуваат нашиот придонес во НАТО.  Се надевам дека на претстојниот самит на НАТО во Чикаго тоа ќе биде нагласено, и, придонесот кој го дава Македонија во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан ќе биде препознаен и вреднуван.

Глас на Америка: Добивте ли понатамошна поддршка од американските сенатори и конгресмени за полноправно членство?

Попоски: Тоа беше видливо и од тековното сослушување во Конгресот каде што многумина многу јасно ја искажаа поддшката која САД ја даваат за наше зачленување во НАТО.  Тоа ќе биде едно заокружување на еден долготраен процес во кој САД конзистентно ни давале поддршка. Сметам дека тоа ќе биде заеднички успех кој ќе може да го споделиме и со нашите соседи.

Ја сметам најмногу за победа на НАТО и за владеењето на правото.  Сметам дека она што е конечен заклучок е дека не постои правна основа за блокирање на нашето членство.  Тоа што сакаме да го постигнеме и да го потенцираме е дека сите кои се посветени на сигурен, безбеден, просперитетен Балкан, треба да работат кон наше зачленување во НАТО.  Тоа треба да го покаже и Република Грција.  Тогаш, двете земји, а и НАТО ќе бидат победници од еден таков епилог.

Глас на Америка:  Ги информиравте – генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, но и во Стејт департментот, за, како што велите,  реперкусиите што ги има Македонија од спорот за името и покрај  одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.  На каков одговор наидовте?

Попоски: Тоа што беше јасно нагласено е дека тековната блокада на основа на еден билатерален спор кој ни го има наметнато Република Грција не треба да биде причина за остварување на стратешката цел, односно членството во НАТО.  Доколку бидеме фокусирани на тоа и ја добиеме потребната поддршка од страна на сите партнери, тогаш Македонија ќе може да го заокружи тоа поглавје.  Тоа што нашите стратешки партнери во дискусиите во Вашингтон, но и во рамки на ОН во Њујорк го нагласуваат, е дека заштитата на кредибилитетот на институциите и потенцирање на владеењето на правото е заедничка вредност која ја споделуваме.  Доколку тие вредности се почитуваат, мислам дека имаме солидна вредност.

Глас на Америка:  Во исто време додека сте во Вашингтон, албанскиот премиер Сали Бериша се сретна со државната секретарка Хилари Клинтон од која доби декларативна поддршка за учеството во мисијата на НАТО во Авганистан.  Зошто, отсуствува таква декларативна поддршка и за Македонија, со оглед дека земјата е 5-ти најголем придонесувач во НАТО по бројот на жители?

Попоски: Тоа што е релевантно е дека такво признание ни се оддава на дневна база.  Факт е дека сите сојузници исклучително го вреднуваат нашиот придонес во НАТО.  Се надевам дека на претстојниот самит на НАТО во Чикаго тоа ќе биде нагласено, и, придонесот кој го дава Македонија во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан ќе биде препознаен и вреднуван.

Глас на Америка: Добивте ли понатамошна поддршка од американските сенатори и конгресмени за полноправно членство?

Попоски: Тоа беше видливо и од тековното сослушување во Конгресот каде што многумина многу јасно ја искажаа поддшката која САД ја даваат за наше зачленување во НАТО.  Тоа ќе биде едно заокружување на еден долготраен процес во кој САД конзистентно ни давале поддршка. Сметам дека тоа ќе биде заеднички успех кој ќе може да го споделиме и со нашите соседи.

Извор: Гласот на Америка на македонски јазик

Новинар: Јане Бојаџиевски