Јавен Повик за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
13.09.2022

ЈАВЕН ПОВИК бр.05/2022

Врз основа на член 51 ставови(1), (2) и (3) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19) и Одлуката за спроведување на постапка за избор на вршител на дејност снабдување на топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 181/22) Владата на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.

Предмет на овој  јавен повик е избор на вршител на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија како јавна услуга за потребите на потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Oпштина Аеродром, дел од Oпштина Гази Баба, Oпштина Ѓорче Петров, Oпштина Карпош, Oпштина Кисела Вода, Oпштина Центар и Oпштина Чаир.

Право на учество имаат сите правни лица кои се регистрирани во Република Северна Македонија и ги исполнуваат критериумите за утврдување на способност наведени во тендерската документација. 

Тендерската документација по јавниот повик е објавена во електронска форма на веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија. 

Краен рок за појаснувања и поставување на прашања е 1.09.2022 година, а краен рок за доставување на понудите е до 13.9.2022 до 15:00 часот.

Лица за контакт во врска со овој јавен повик се:
Саша Грујевски и Љупчо Камчев, 
Е-пошта: toplinska.energija@gs.gov.mk