Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
12.09.2022

Врз основа на член 19 и член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на   23 август 2022 година, донесе

О Д Л У К А
за распишување Оглас за именување државен правобранител
на Република Северна Македонија

  1. Се огласува именување на државен правобранител на Република Северна Македонија. 
  2. За државен правобранител на Република Северна Македонија, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: 
    • да е државјанин на Република Северна Македонија, 
    • да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и 
    • да ужива углед за вршење на функцијата.
  3. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство, пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје, со назнака: „За Оглас за именување државен правобранител на Република Северна Македонија“, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха “.
  4. Оваа одлука ќе се објави во: „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха“.