Редовна 85-та Владина седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 27.9.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 85-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за преземените мерки на Министерството за животна средина и просторно планирање за подобрување на состојбата со нивото на водостојот на акумулацијата „Тиквешко езеро“.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, членовите на Владата ќе бидат информирани за почетните активности во врска со Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија, 2023-2025 година.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, по нејзиното завршување.