„Лукоил“ планира зголемување на инвестицијата во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 21.06.2012 година) оствари средба со г-дин Вагит Алекперов, директор на руската нафтена компанија „Лукоил“.

На средбата се дискутираше за зголемување на обемот на инвестиции на „Лукоил“ во Република Македонија.

Премиерот Груевски потенцираше дека Владата на Република Македонија е подготвена да даде целосна поддршка на реализација на плановите на руската компанија. Притоа премиерот Груевски истакна дека влезот на „Лукоил“ на македонскиот пазар ја подобрил конкурентноста и ги унапредил процесите од корист за потрошувачите и граѓаните.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка и посветеност за продолжување на процесите од интерес и за нашата држава и за руската компанија.