„Еуромакс“ ќе инвестира 500 милиони долари и ќе вработи 500 лица

Почнува реализација на нова странска инвестиција во Македонија. Канадската компанија „Еуромакс“ во наредните пет години ќе инвестира 500 милиони долари и ќе отвори нови 500 работни места.

Договорот за концесија за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато „Иловица“ кај Струмица го потпишаa денеска главниот оперативен директор на компанијата Марк Густафсон и министерот за економија Ваљон Сарачини. На потпишувањето на договорот во Владата на Република Македонија присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

- Изградбата на рудниот за злато и бакар во Иловица ќе значи  прилив на свеж капитал од околу 500 милиони долари кои ќе бидат реализирани во текот на наредните пет години заклучно со 2017 година, но и дополнително отворање нови работни места. Развојот на оваа инвестиција и нејзиното стартување е дотолку поголем ако се има предвид општата економска стагнација во Европа и во светот, како  и отежнатите услови за пронаоѓање странски инвестиции, рече министерот Сарачини.

Тој посочи дека по добивањето на договорот за концесија компанијата ќе продолжи забрзано  да работи на активностите за развојот на рудникот. Во втората фаза ќе следи интензивно работење на бушотините и изработка на долонителни физибилити студии и план за изградба на рудникот. Во третатa, последна фаза, ќе почне изградбата на рудникот. За сето време, нагласи, Министерството за економија ќе му стои на располагање на инвеститорот за сите отворени прашања со кои ќе се соочат во инднина. 

- Се работи за инвестиција која е од особена важност не само  за локалната економија туку за сите граѓани на Македонија. Ќе понуди нови вработувања за стручните кадри од сите делови  на замејата и истовремено ќе овозможи работа и за многу помали компании. Инвестицијата на Еуромакс во Иловица ќе даде позитивни импликации за домашната економија, бидејќи се работи за метали за кои побарувачката на светските берзи е многу голема, рече Сарачини и додаде дека Иловица ќе биде најголемиот рудник за злато и бакар во Југоисточна Европа.

Импактот во македонската економија во БДП и во извозот од рудникот Иловица, нагласи, ќе се знае по втората фаза кога ќе бидат  направени дополнителните физибилити студии. Еуромакс ќе продолжи со испитување и на преостанатите 70 отсто од концесиското поле и доколу во иднина се утврдат  дополнителни резерви на злато и бакар ќе се потпише нов договор за експлоатација на минерална суровина. 

Главниот оперативен директор на Еуромакс Марк Густафсон рече дека на проектот Иловица работеле повеќе од осум години во фазата на истражување заедно со македонскиот тим во кој биле вклучени геолог, инженери и професионални советници.

- Вршиме истражувања и во други делови во Македонија во севрниот, јужниот и западниот дел и се надеваме дека ќе бидеме активни во вашата земја уште многу години, рече Густафсон.

Претседателот и главен извршен директор на Еуромакс Стив Шарп заблагодарувајќи му се на премиерот Никола Груевски што одвои време да присуствува на потпишувањето на договорот за концесија за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато Иловица рече дека нивната инвестиција од 500 милиони долари ќе биде фазна.

- Во моментов вршиме важна технолошка и еколошка  работа. Ќе се вршат и хидролошки ископувања за да се осигураме дека проектот ќе се изгради врз највисоки еколошки стандарди. Тоа е важно за Македонија бидејќи праќаме сигнал до меѓународните пазари на капитал за волјата на странските инвеститори да инвестираат тука и оти Македонија  е многу добро место за инвестициите, рече Шарп и додаде дека е многу важна динамиката и прагматизмот на актуелните македонски власти.

Последните 25 години работам во рудници во светот, истакна, и навистина гледам  дека вашите власти размислуваат напредно.

- Планираме приоизводството на злато и бакар од рудникот Иловица да го почнеме на средината на 2017 година. Потребно ни е тоа време за да се осигура дека овој рудник е изграден врз основа на највисоките еколошки стандари. Златото и бакарот ќе се произведуваат како концентрат и ќе бидат транспортирани до германската компанија Рубикс најверојатно преку железница, рече Шарп и прецизира дека изградбата на рудникот ќе почне за три години.

Во текот на следната фаза, посочи, ќе биде разгледан начинот на транспорт на рудата од рудникот до железницата.