Јанкулоска: Да не се злоупотреба армиската или полициската униформа

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека чинот во Слупчане длабоко ги повреди чувствата на Македонците и оти најмалку се согласува со злоупотреба на безбедносните сили на полициската или на армиска униформа за дневно - политички или партиски интереси. Смета дека процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби.

- Не би навлегувала во личните видувања и објаснувања за одредени чекори кои поединци ги влечат. За тоа ќе судат граѓаните и ќе дадат своја оценка, јас не се согласувам со таквиот чекор и најмалку од се се согласувам со злупотреба на безбедносните сили на полицикската или армиската униформа за дневно-политички или партиски интереси безбедносните сили треба да останат во функција на заштита на интересите на Република Македонија, изјави Јанкуловска, која денеска беше во посета на полициската станица во Ранковце.

Министерката за внатрешни работи Јанкуловска го поддржува предложениот закон за посебни права на бранителите и истакна дека тоа е потврда за принципиеланата и конзистентна политика која ВМРО-ДПМНЕ ја води како партија.

- Законот за бранителите нема да ги реши сите проблеми. Ние сме свесни за тоа, но значи чекор понапред во ублажување на последиците кои ги претрпеле овие припадници на безбедносните сили. Со овој закон се обидуваме да направиме еден исчекор во санирањето на последиците и постигнување на морална и материјална сатисфакција, иако сме свесни дека ниту еден закон ниту еден чекор не може да ги врати загубените животи. Припадниците на безбедносните сили или треба да знаат дека секогаш ја имаат поддршката на ВМРО ДПМНЕ како партија и секогаш ќе ја имаат мојата лична поддршка и како министер во овој период и како граѓанин, изјави министерката Јанкуловска.  

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби. - Напротив ваков процес е за поздравување и значи расчистување со минатото во смисла да се оневозможат лицата кои на одреден начин напредувале во кариера или оставрувале материјална корист да не можат да бидат носители на јавни функции. Сметам  дека јавноста има право да знае кои лица на недозоволен начин, користеле методи непримерни за едно демократско општество и успеале за нив да остварат некаквна корист, изјави Јанкуловска.

Министерката ги отфрли тврдењата дека МВР има добиено пријава за прекршување на законот за МВР поврзано со лустрацијата. - МВР нема добиено никаква пријава за прекршување на законот. МВР реагира по основ на оние дела кои се пропишани како кривични  во Кривичниот законик и оние кои се гонат по службена должност. Доколку во иднина има такво нешто, несомнено како и во секој друг случај, ние ќе постапиме согласно нашите законски надлежности, истакна Јанкуловска. 
 
Наскоро ќе има јавно наддавање за купување нови возила за МВР. - Не можам да кажам дали тоа ќе биде денеска или во наредните денови и законските рокови истекуваат. Според информациите кои ги имам до овој момент, комисијата е во завршна фаза. Останува компаниите кои ќе се квалификуваат за јавното наддавање во транспарентна постапка да ги дадат своите понуди, да учествуваат и со оглед на тоа што единстевен критериум е цената, онаа компанија која ќе понуди најниска цена би требало да склучи договор за јавната набавка, како што предвидуваат условите на тендерот по изминување на законските  рокови за жалби. За, приближно, два месеци возилата би требало да бидат испорачани. Со оглед на законски  рокови за доставување на жалби би требало  до крајот на годинава полицијата да ги има новите возила, рече Јанкуловска.