Премиерот Никола Груевски во посета на Република Српска

Информираме дека претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска(петок, 24.08.2012 година) ќе оствари еднодневна посета на Бања Лука, Република Српска – Република Босна и Херцеговина, каде ќе присуствува на потпишување на Договорот за изработка на проект и изградба на автопат Бања Лука – Добој, делница Прњавор – Добој, помеѓу ЈП Аутопутеви Републике Српске и конзорциумот составен од АД Гранит од Скопје и Интеграл Инжињеринг од Лакташи.

Со овој проект АД Гранит-Скопје, зема учество во изградбата на именуваниот автопат, што претставува доказ за квалитетот и можностите на македонската градежна оператива и значаен извор на средства за компанијата.

Во рамките на посетата премиерот Никола Груевски, ќе оствари средби со г-дин Александар Џомбиќ, претседател на Владата на Република Српска и со г-дин Милорад Додик, претседател на Република Српска.