Промовирана фотомонографија за Порта Македонија

Министерството за култура вечерва свечено ја промовира фотомонографијата посветена на објектот Порта Македонија, дел од проектот за „Поставување 35 скулптури во централното градско подрачје“ и подарок-изданието во кое преку разгледници се претставени сите уметнички дела од проектот, како и ентериерното уредување  на галерискиот простор  и видиковецот на Порта Македонија.

Во фотомонографијата Порта Македонија е претставена со сите релјефи поединечно низ фотографии, скици, како и историски, есеистички и архитектонски. Галерискиот простор е ентериерно уреден на две ниво со површина од 200 метри квадратни и опремен со високософистицирана аудио-видео опрема што овозможува организација и реализација на голем број културни содржини како изложби, поетски читања, конференции, семинари, средби, прослави,.... Видиковецот има површина од 180 метри квадратни и на него се поставени два телескопа преку кои посетителите може да ги набљудуваат знаменитостите и убавините на Скопје.

- Девет месеци по свеченотоното отворање денеска сме тука да ја означиме полната функционалност на Порта Македонија. Македонските граѓани веќе ја почуствуваа позитивната енергија на овој објект и ја вградија  Портата во неколку масовни прослави и општествени радости. Послужи како симбол околу кој се сплотуваме во одбележувањето на победите, успесите и на разни достигнувања како народ и како држава. Со нејзиното внатрешно уредување може да се отвори за сите нејзини посетители, рече премеирот Никола Груевски во поздравното обраќање.

Патот за изградбата на овој проект, нагласи, беше еден од најмакотрпните не заради сложеноста на објектот, туку зарди отпорот кој се појави и силната медумска кампања. Овој објект веќе има своја историја и за неговата градба најголема заслуга имаат токму неговите противници кои сакаа да ја свртат јавноста против неговата изградба. Да не беа тие изградбата ќе поминеше незабележливо. 

- Сите вероајатно си го поставуваа прашањето зошто овој објект се прави и зошто ни е порта која наликува на Триумфалната порта во Париз изградена пред многу векови, и зошто се гради во ова време и што се слави со неа. Одговорот беше многу едноставен но повеќето од луѓето не сакаа да го слушнат. Одговорот е затоа што ние сега имаме своја држава, а во минатото други владееле со нас и не сакале да прават монументални објекти и да трошат пари во за нив провинција како што го сметале Скопје... Со неа се слави стекнувањето независност и се изгради по повод прославата 20 години независност на Македонија, појасни Груевски.

Ќе бидам среќен, додаде, доколу моите наследници на функцијата премиер барем на секои 10 години изградат по еден монументален објект со кој ќе ја прослават независноста за која со векови нашите предци гинеа.

- Порта Македонија има и своја функционална димензија преку ови простори кои денеска ги промовираме и со чие издавање за 10 до 15 години верувам дека ќе се вратат сите пари што се вложени. Се што ќе се наплати понатаму ќе биде заработка и профит што ќе се употребат за некои нови инвестиции, рече премиерот Груевски.

Овој објект, нагласи, е за сите нас што сме денеска живи, но и за сите идни генерации.

- Скопје со изградбата на новите објекти во вистинска смисла на зборот веќе фаќа чекор со останатите светски и европски метрополи. Тоа е забележливо по се побројните туристи кои откриваат еден нов град и една нова туристичка дестинација. Промените и освежувањата на градот раѓаат и нови симболи по кои Скопје станува препознатливо. Еден од нив е и Порта Македонија, рече Груевски и додаде дека не е случајно што бројот на странски туристи во последните три до четири години расте за 20 до 30 проценти.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека проектот 35 скулптури во централното градско подрачје што започна да се реализира во 2008 година имаше една и едниствена цел - да им даде можност на македонските уметници да ја изразат својата инвентивност и креативен потенцијал и да ја доближи скулптурата како уметнички израз до граѓаните.

- Порта Македонија прерасна во објект кој доби благородна мисија да биде во функција на афирмација на сите уметнички и културни дострели. Портата им ја посветивме не само на уметниците, туку на сите граѓани на нашата држава. Таа стана симбол на победата на македонската реалност извојувана со мудрост, со култура, со уметност и со храброст. Нека биде монументална книга на македонските културни и цивилизациски дострели и објект што ќе ги слави сите победи на нашата држава, рече Канческа-Милеска.

Промоторот на фотомонографијата д-р Виолета Ачковска рече дека Порта Македонија е една од најоспоруваните градби во проектот „Скопје 2014“.

- На почетокот и кај мене имаше дилеми зошто, каква и за кого порта, но средбата со авторот Валентина Каранфилова-Стефановска и дискусијата околу историските содржини на објектот делуваше полека да сфатам дека на Република  Македонија и е потребен еден ваков објект со универзални пораки, место каде згуснато со симболи низ рељефи и слики ќе бидат претставени најмаркантните личности, најважните  настани и најкарактеристичните обележја на македонското траење, рече Ачковска. 

Сфатив, додаде, дека Портата ни е потребна за да го одбележиме триумфот на АСНОМ и 8 Септември, меѓниците во создавањето на нашата држава и да имаме место низ кое ќе ги означуваме сите наши дострели и каде најмладите ќе учат да ја сакаат татковината. Со неа се оддава и признание на нашите предци.