Роберт Алаѓозовски, Министер за култура

Роберт Алаѓозовски, е Министер за култура во Владата на Република Македонија

Роден е во 1973 година во Струмица. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје

Aлаѓозовски е основач и главен уредник во издавачката куќа „Готен“, како и Претседател и проектен директор во Здружението на граѓани „Есперанца“ - Светски културен центар.

Член е на Друштвото на независни писатели на Македонија.

Во 2006 година, Алаѓозовски се стекнува со „Европска диплома по културен проектен менаџмент“ што ја доделува фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел, Во периодот од 2005 до 2014 година бил  Претседател на Европската мрежа на менаџери во културата „Оракл“ со седиште во Брисел.

Од 2008 е член на педагошкиот тим на „Европската диплома по културен проектен менаџмент“ со седиште во Брисел. 

Од богатото искуство, главно во областа на културата, кај Алаѓозовски може да се забележи и неговото учество во уредувачкиот одбор на слисанието „Сараевски тетратки“, како и поозицијата проектен координатор во Независниот културен центар „Точка“ и во „Контрапункт“, во периодот од  2002 до 2007 година.

Работел како уредник во издавачките куќи, „Темплум„ и „Магор“. Има објавено преку 200 критики, рецензии, статии, научни текстови, во разни списанија во земјата и регионот.

Соработувал на културни проекти и манифестации со многу институции и здруженија на граѓани.

Има објавено шест книги, и добитник е на наградата „Прозни мајстори“ на издавачката куќа „Феникс“ и на фондацијата „Македонија Презент“., е Министер за култура во Владата на Република Македонија.

Роден е во 1973 година во Струмица. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје

Алаѓозовски е основач и главен уредник во издавачката куќа „Готен“, како и Претседател и проектен директор во Здружението на граѓани „Есперанца“ - Светски културен центар.

Член е на Друштвото на независни писатели на Македонија.

Во 2006 година, Алаѓозовски се стекнува со „Европска диплома по културен проектен менаџмент“ што ја доделува фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел, Во периодот од 2005 до 2014 година бил  Претседател на Европската мрежа на менаџери во културата „Оракл“ со седиште во Брисел.

Од 2008 е член на педагошкиот тим на „Европската диплома по културен проектен менаџмент“ со седиште во Брисел. 

Од богатото искуство, главно во областа на културата, кај Алаѓозовски може да се забележи и неговото учество во уредувачкиот одбор на слисанието „Сараевски тетратки“, како и поозицијата проектен координатор во Независниот културен центар „Точка“ и во „Контрапункт“, во периодот од  2002 до 2007 година.

Работел како уредник во издавачките куќи, „Темплум„ и „Магор“. Има објавено преку 200 критики, рецензии, статии, научни текстови, во разни списанија во земјата и регионот.

Соработувал на културни проекти и манифестации со многу институции и здруженија на граѓани.

Има објавено шест книги, и добитник е на наградата „Прозни мајстори“ на издавачката куќа „Феникс“ и на фондацијата „Македонија Презент“.