Елизабета Канческа - Милевска


Елизабета Канческа - Милевска- Министер за култура

Родена е на 30 јуни 1970 година во Велес.
 

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО:
јули 2011 -

  • По вонредните парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011 година, Елизабета Канческа-Милевска на 28 јули 2011 година повторно е избрана за министер за култура во Владата на Република Македонија.

јули 2008 – јуни 2011

  • Министер за култура во Владата на Република Македонија.

2006  до 2008

  • Државен секретар за култура во Министерството за култура на Република Македонија;
  • По локалните избори од листата на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за советник во Советот на Општина Кисела Вода, а подоцна е назначена и за заменик на градоначалникот на Општината;
  • Активен член е на Извршниот одбор на невладината организација Европско движење на РМ.

2005

  • Се вработува на Европскиот универзитет – Скопје како асистент по предметите: Јавна политика, Надворешна политика и Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

2004

  • Работи во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ.
  • Од страна на Агенцијата за државни службеници се здобива со сертификат за обучување од областа на историскиот развој на ЕУ, институционалната поставеност и правните принципи, при што активно учествува во реализацијата на обуката организирана за државните службеници во РМ.

2002

  • Се вработува во Агенцијата за државни службеници како раководител на Одделението за европска интеграција.
  • Активно учествува во донесувањето на Националната програма за култура, во осмислувањето и дефинирањето на Културната политика, во донесувањето на многу законски и подзаконски акти, во интензивната меѓународна соработка и во многу други активности кои позитивно се одразуваат врз континуитетот, квантитетот и врз квалитетот на културниот живот во РМ во тој период.
  • Во периодот на работењето во Министерството за култура, освен организациско-функционалниот ангажман и следењето на сите состојби во културата, активно е вклучена во сите проекти од национален интерес за културата и во реализирањето на голем број капитални зафати во соработка со Светската банка, програмата Фаре итн.

2000

  • Државен секретар во Министерството за култура.

1999

  • Советник на министерот за култура Љубен Пауновски.

1998

  • Шеф на кабинет на министерот за култура, проф. д-р Димитар Димитров.

1992 до 1998

  • Работи во приватна фирма, за извоз-увоз, во областа на економско-правните работи и како менаџер.


ОБРАЗОВАНИЕ:
2012

  • Докторира на Филозофскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на темата "Европскиот културен модел и културно-интеграциската политика на Република Македонија".

2005

  • Магистрира на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации“ на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“.

1993

  • Дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, група Социологија.

1989

  • Завршува средно образование во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошка насока.