Камен-темелник на училишна спортска сала во ОУ „Климент Охридски“ во Миравци

 

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци, општина Гевгелија, која е дел од владиниот проект за изградба и опремување на 145 спортски сали.

Министерството за образование и наука соопшти дека салата ќе биде изградена со 24 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Република Македонија и Банката за развој при Советот на Европа. Ќе располага со гардеробери, туш-кабини, санитарни јазли, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците.

Во основното училиште „Климент Охридски“ настава следат 190 ученици, на кои со изградбата на овој современ, енергетски ефикасен спортски објект, со површина од 650 метри квадратни, ќе им бидат обезбедени сите адекватни услови за одржување на наставата по предметот спорт и спортски активности. Салата ќе биде отворена и за воннаставни активности, одржување натпревари, како и за рекреација на жителите.

Министерот Кралев денеска ја посети и општина Градско, каде се информираше за градежните работи на училишната спортска сала во ОУ „Даме Груев“ чија изградба е во завршна фаза.