Самка Ибраимовски, Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

Самка Ибраимовски е министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Ибраимовски е роден  во 1954, а своето образование го завршува на Факултетот за менаџмент  при  Универзитетот „Привредна Академија“ во Нови Сад.

Своето работно искуство го започнува во приватниот сектор како директор на претпријатието „Унус-Промет“,  претпријатие за вработување на инвалидизирани лица и производство на картонажа и канцелариски мебел, во периодот од 1990 до 2010 година, и повторно од 2006 до 2008 година.

Во годините од 2004 до 2006 бил Заменик Министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија,  а потоа и директор на Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје во периодот од 2008 до 2011 година.

Во мандатот од 2011 до 2015 година, Самка Ибраимовски бил пратеник во Собранието на Република. 

Зборува 4 јазици и тоа, турски, грчки, бугарски и англиски.