Неждет Мустафа

Неждет Мустафа стапи на функцијата Mинистер без ресор во јули 2008 година. Исто така, тој е и национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 и на Националната стратегијата за Ромите.

Роден е на 17 мај 1962 година во Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО:
2008

  • Министер без ресор во Владата на Република Македонија.

2006-2008

  • Пратеник во Собранието  на Република Македонија.

2004- 2008

  • Совет на Европа– Стразбур.

2002-2006

  • Пратеник во Собранието на Република Македонија.
  • Претседател на Обединетата партија за еманципација на Ромите.

2000-2002

  • Градоначалник на Општина Шуто Оризари.

1996-2000

  • Градоначалник на Општина Шуто Оризари.

1991-1994

  • Уредник, Македонска Радио Телевизија – Ромска редакција.
  • Генерален секретар, oсновач на Првата rомска партија-ПЦЕР.
  • Претседател на Демократската прогресивна партија на Ромите ДППРМ.


ОБРАЗОВАНИЕ

  • Дипломиран професор по филозофија, Филозофски факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.