Отворена електронска продавница на „Нико-Фон“ со субвенции од Владата

Компанијата „Нико Фон“ денеска отвори електронска продавница за продажба на мобилни телефони и телефонска галантерија, со субвенции од Владата.

На промоцијата присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, под чија надлежност е реализацијата на проектот за отворање на електронски продавници.

- „Нико Фон“ е еден од пионерите во развојот на мобилната технологија во Република Македонија која пред 15 години започна со работа. Особено ми е драго што со овој пример можеме да покажеме дека не е важно колкава е компанијата која работи со овие производи туку оти со интернетот нема граници за кој било граѓанин кој може да ги купува производите на „Нико Фон“, изјави министерот Ивановски.

Посакувајќи и успех на компанијата за електронската продавница, Ивановски истакна дека   најуспешните електронски продавници по истекот на првата година ќе добијат дополнително субвенционирано хостирање. 

Од „Нико Фон“ изразија благодарност до МИОА што им овозможило отворање  електронска продавница преку која секој заинтересиран граѓанин може да купи производ од мобилната телефонија.