Реакција на Министерството за култура на изјавата на Жерновски

Градоначалникот на општина Центар нема правен основ за мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на Министерството за култура, реагира Министерството на изјавата на Андреј Жерновски дека ги стопирал сите градежни и финансиски активности во проектот „Скопје 2014“.

- Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење, стои во соопштението-реакција на Министерството за култура.