Веле Самак


ВЕЛЕ САМАК- Министер без ресор

Веле Самак, назначен за Министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции  три пати од 2006 година, e еден од највисоките членови на Владата задолжен за креирање и извршување на низа политики и активности со цел да се привлечат и обезбедат успешни странски инвестиции на најголемите светски фирми во Македонија. Користејќи директни кампањи и презентации на настани, Министерот Самак има обезбедено и одржува релации со бројни извршни директори и деловни одлучувачи низ Европа, Северна Америка и Азија, низ повеќе индустрии. Во својата улога, Министерот Самак има управувано со над 100 инвестициони проекти и има донесено над 60 тимови на светски најголеми фирми во Македонија со цел да направат детални анализи каде Македонија била една од земјите во тесен круг. Заедно со Групацијата Волксваген, тој ја организираше првата Македонска Конференција за Автомобилски Добавувачи во Скопје во 2008 година. Министерот Самак ги има убедено до сега најголемите гринфилд инвестиции во Македонија, како Џонсон Мети (УК), Дрекслмајер (ДЕ), Кромберг и Шуберт (ДЕ), Ван Хул (БЕ), отворајќи над 7000 нови работни места и обезбедувајќи нов извоз од над $1 милијарда годишно.

Во Владата е дојден од Корпорацијата Мајкрософт (Microsoft) како маркетинг менеџер одговорен за Американскиот пазар за производи за деловна интелигенција (Business Intelligence) и SQL Server 2005. На својата позиција реализира кампањи што помагаат да придонесат приход од над 1 милијарда американски долари и со кои има освоено 2 награди за успешен маркетинг. Во 2004 година, заедно со група студенти во школата Вартон, превзема проект од наставата и ја формира фирмата ТераПас (TerraPass) која користи пазарни механизми за неутрализирање на CO2 гасовите од автомобилите и како портпарол ја претставува уникатната приказна пред сите медии во Америка. Денес ТераПас (TerraPass) е најуспешна фирма во својот сектор.

Претходно работел во Ситигруп (Citigroup), најголемата финансиска фирма во светот, како потпретседател во одсекот за кватнитативни истражувања (Global Quantative Research). Во оваа високо рангирана групација со годишен приход од 120 милиони американски долари, се употребува истражување и технологија за да се најдат инвестициони стратегии за светските инвеститори. Меѓудругото, неговиот труд за алокација на пензиски фондови е нашироко цитиран и објавен во престижниот Журнал за Финансики Аналитичари (Financial Analysts Journal). Во неговата биографија стои дека е единствен аналитичар кој бил унапреден во потпретседател по 1,5 година. Оценет со највисока оценка во сите годишни прегледи.

Веле Самак дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго (University of Chicago) во 1996 година и Магистрирал од областа на бизнис администрацијата (МБА) на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија ( The Wharton School at the University of Pennsylvania ) во 2005 година. Поранешен секретар на Здружението за македонско-американско пријателство (MAFA) и Американски граѓанин, зборува англиски, a разбира српски, хрватски и германски јазик. Роден е во Прилеп, а живее со својата ќерка во Скопје.